СОБРАНИЕТО ПОЧНА СО ГЛАСАЊЕ: Изгласано Законот за јавно обвинителство да се носи по скратена постапка

admin22
loading...

Собранието вечерва ја изгласа потребата Предлог законот за јавно обвинителство да се носи по скратена постапка. „За“ гласаа 63 пратениции, а „против“ беа 32 пратеници.

По ова Предлог законот треба да помине на собраниската Комисија за европски прашања, па потоа пратениците да гласаат за негово донесување.

Не помина предлогот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски да се симне првата точка за законот за јавно обвинителство.

Министерката вели проблемот бил во Собранието, вие ќе треба да одговорите зошто се доцни со седницата, го прозва координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски претседателот на Собранието Талат Џафери на почетокот на новата собраниска седница за законите за јавното обвинителство и за советот на јавни обвинители, која почна со задоцнување од еден час.

– Предлозите се неделовнички и имате обрска да ги вратите двата предлози до влада, владата да ги помине на седница и да ги достави до Собранието и да закажете седница, во спротивно и вие ќе бидете соучесник. Нема одлука на влада ни за повлекување на материјалот ни за нов предлог. Џафери вие сте на потег – рече Мицевски во процедуралната забелешка.

Loading...
loading...
Loading...
Next Post

Молитва од родителите за своите деца: „Господе, ослободи ги моите деца од грев“

Да се помолиме за своите најмили и најсакани. За најневините суштества – нашите деца. Милосрден Исусе, јас ти ги предавам своите деца, никој друг не може да ја сфати мојата болка и моите потешкотии и да ми даде подобра помош. Дај ми милост да можам да ги подигнам своите деца, […]