Соседите од регионот бележат нови рекорди на заболени

admin22

Сосотојбата со Ковид инфекцијата во регионот не се смирува, бројките растат земјите бележат нови рекорди на заболени. Српската војска испратена во Нови Пазар на помош на лекарите, во уште четири града во Србија од денеска е прогласена вонредна состојба. Словенија со 30 новозаболени го испишува најлошиод ден во последните два и пол месеци од почетокот на епидемијата.

Ковид инфекцијата не стивнува, Србија отвора нови болници, армијата патува во Нови Пазар на помош на медицинскиот персонал. 300 нови заболени од направени над 8.000 теста. Починаа 11 од кои најголемиот број во Нови Пазар, лекарите велат болеста не бира возраст, смртност има и кај младите кои немаат никакво друго заболување. Поради влошената епидемиолошка ситуација во девет градови во Србија е прогласена вонредна сосотјба меѓу кои и Белград, Шабац и Чачак.

Српскиот министер Златибор Лончар најави дека беградска Арена од понеделник ќе биде монтажна болница, а во план се и останати здравствени капацитети кои ќе се пренаменуваат во Ковид болници.

-ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ БИДЕ ВО ФИНКЦИЈА И ПРИВРЕМЕНАТА БОЛНИЦА ВО СПОРТСКАТА САЛА АРЕНА, КОЈА ЌЕ ИМА ОКОЛУ 500 КРЕВЕТИ СО СИТЕ УСЛОВИ. ОД ВТОРНИК ОРТОПЕДСКАТА КЛИНИКА БАЊИЦА СЕ ВРАЌА ВО КОВИД СИСТЕМОТ И ЌЕ БИДЕ КОВИД БОЛНИЦА. СЛЕДНО КОГА ОВИЕ КАПАЦИТЕТИ ЌЕ СЕ ПОПОЛНАТ Е БОЛНИЦАТА ВО ПОЖАРЕВАЦ, КОЈА КОГА ЌЕ ИМА ПОТРЕБА ЌЕ СЕ ПРЕНАМЕНИ ВО КОВИД БОЛНИЦА, ВЕЛИ ЗЛАТИБОР ЛОНЧАР, МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО НА СРБИЈА.

Најлош ден од почетокот на епидемијата во Босна и Херцеговина во последните 24 часа потврдени се дури 218 заболени, ова е рекорд на заболени во еден ден.

Loading...

Во последните два и пол месеци и Словенија бележи највисок биланс на заболени од Ковид – 19, со новопотврдени 30 случаи, што е двојно зголемување од преходниот ден кога имаше 16. За разлика од почетокот на епидемијата сега меѓу новоинфицираните има голем број и млади луѓе.

На глобално ново бројот на инфицирани се искачи на речиси 11 милиони, а повеќе од 500.000 починаа. На врвот на листата се САД и Бразил, како и медитеранските земји во Европа. Од СЗО предипредуваат дека стапката на инфекцијата е се уште висока и земјите не се подготвени за вториот бран.

loading...

-ВО МОМЕНТОВ, БРОЈОТ НА ЛУЃЕ КОИ СЕ ПОЗИТИВНИ НА ВИРУСОТ НА НИ ДАВА ЗАШТИТА ОД НОВИОТ ВТОР БРАН НА ИНФЕКЦИЈАТА ИЛИ ВТОРИОТ ПИК ВО ОВИЕ МОМЕНТИ. НИЕ НАВИСТИНА МОРАМЕ ДА ГИ ДУПЛИРАМЕ МЕРКИТЕ ЗА НАДЗОР КОИ ГИ ИМАМЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ. МОРАМЕ ДА ЈА СУЗБИЕМЕ ИНФЕКЦИЈАТА. МОРАМЕ ДА ЈА НАМАЛИМЕ СМРТНОСТА, РЕЧЕ МАЈКЛ РАЈАН, СЗО.

Голем број европски земји неделава ги отворија границите, Србите без девонеделен карантин може да патуваат во Велика Британија, каде денеска работат и баровите.

loading...
Loading...
Next Post

Нови 147 случаи со ковид-19, шестмина починати и 111 оздравени

Во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19. – Скопје 64 – Куманово 8 – Штип 6 – Прилеп 3 – Тетово 16 – Струга 7 – Велес 5 – Битола 4 – Охрид 5 – Гостивар 9 – Струмица 1 – […]