СРЦЕПАРАТЕЛНО: Мајка објави фотографија од нејзиното бебе само неколку минути пред истото да почине

admin3

39-годишната Тами Андерсон, од Англија, објави фотографија од последните мигови од животот на 4-месечниот Вилбур, со цел да им даде поддршка на сите оние родители кои некогаш го загубиле своето дете.

Пораката која Тами сака да ја пренесе до родителите е, и дека и покрај огромната тага, мора да пронајдат сили да продолжат понатаму, сили да живеат.

Пред бременоста, Тами се наоѓала во тежок стадиум на ендометриоза – заболување при кое ткивото на внатрешните слоеви на ѕидот на матката, расте однадвор. Таа требало да направи операција за отстранување на матката, но во истиот момент дознала дека е бремена.

„Иако со таткото на детето се гледавме само 3 месеци, бев цврсто решена ќе родам по секоја цена. Оваа бременост ми беше вистинско чудо, а за среќа партнерот Марк одлучи да биде покрај мене.“- објаснува Тами.

Но, во текот на 20-та недела од бременоста, на идните родители им било соопштено дека бебето имало проблем со развојот на рацете, а лекарите се откажале и од анализирање на плодот, бидејќи испитувањата би биле фатални.

Loading...

Но, Тами и покрај ова решила да го роди своето дете.

„Веќе го обожавав толку многу, што верував дека заслужува краток живот. Лекарите немаа добри прогнози и не сакав мојот син да страда, но секогаш се надевав дека еден ден ќе можам со него да се вратам дома.“ – вели Тами.

loading...

Бебето се родило во 32-та недела со генска мутација, со премногу слаби мускули, а 12 недели по неговото раѓање, срцето на Вилбур за жал откажало.

„Кога лекарите на момент успеаја да го оживеат, откако ги отвори очите, видов дека тоа повеќе не беше моето мало момче. Неговиот поглед беше празен, веќе не ме познаваше и не реагираше на мојот допир. Нашата врска веќе беше изгубена.“- раскажува скршената мајка.

Таа морала да ја донесе најтешката одлуква во нејзиниот живот, да одлучи нејзиното дете да биде исклучено од апаратите кои го одржувале во живот. Токму следната фотогафија е направена од овој срцепарателен момент.

loading...
Loading...
Next Post

„Откако крпата ја потопив во оваа смеса, сега прашина бришам двапати поретко“

Одржувањето на совршена чистота во домот е тешка задача. Дури и по темелно чистење, прашината на полиците се повторно се познава веќе следниот ден. Но, денес ви откриваме златен трик. Благодарение на истиот, ќе го решите овој здодевен проблем, без да вложувате многу труд. Еве како: Лимонска крпа Подготовката на […]