Стриптизер од Скопје: За една вечер, заработувам најмалку 250 евра

admin22

Тој ни раскажува дека започнал да се занимава со „хонорарната работа“ бидејќи платата не му била доволна. Се случува за една вечер да заработи и по 250 евра.

– Случајно се запознав со менаџерот и кога ми кажа што работи, веднаш му предложив дека сакам да го работам истото. На почеток беше скептичен бидејќи, нели, ова е ретка професија и малку се луѓето што можат да го прават тоа.

Не ми беше тешко да се решам бидејќи видов лесен начин на заработка – искрено раскажува момчето, кое низ смеа ни кажа дека жените се многу поопуштени кога ќе се напијат.

loading...

Неговиот менаџер Оливер вели дека има периоди кога буквално никој не се јавува да побара стриптизер, но некогаш во еден ден му бараат по неколку. Најмногу работа имаат во мај и јуни, кога вообичаено почесто има венчавки.

– Сега е период на таканаречените „девојачки“ забави. Се јавуваат често, има такви кои ќе прашаат, но на крајот сепак не се одлучуваат, дали поради цената или нешто друго, навистина не знам. Јас работам со тројца стриптизери, и за да најмите еден, цената може да варира, но почетната е од 100 евра, па може да достигне и до 250 евра ако се работи за настап во друг град или на пример за празникот на жените, 8 Март, цената се дуплира, но најчесто кога се работи за стриптиз во дискотека – вели Оливер, кој веќе неколку години работи како менаџер на машки стриптизери.

Се случува понекогаш клиентките да не се задоволни од она што го нарачале, односно стриптизерот да не е многу забавен или да сака да заврши што порано.

– Немавме идеја каква моминска вечер да организираме и најлесно ни беше да повикаме стриптизер. Сепак, цената од 100 евра за 45 минути мислам дека е превисока за наши стандарди. Дечкото беше забавен, се трудеше да ја забавува идната невеста, но играше и со другите девојки. Проблемот настана кога не помина ни половина час, а тој рече дека му завршила точката. По нашата забелешка, го заврши својот настап – вели скопјанка која пред неколку дена ја изненадила својата најдобра другарка пред свадбата.

Горан Милиќ, сопственик на секси-шоповите „Валијант“, има тројца стриптизери кои ги изнајмува за момински забави, за родендени и за забави.

– Има секакви побарувања кога станува збор за машкиот стриптиз. Се јавуваат, ме прашуваат како изгледа момчето што ќе танцува, прашуваат дали е атлетски граден. Се случува да ме прашуваат дали смеат да го мачкаат со пена, да го допираат. Различни луѓе, различни карактери – ни изјави Горан и додаде дека за разлика од мажите, жените се многу поопуштени на стриптиз.

Имало случаи каде што славеничката или некоја од другарките завршиле во кревет со стриптизерот или, пак, му барале број за да се видат на друго место.

– Искрен да бидам, имало ситуација кога некоја од девојките завршила во кревет со стриптизерот. Јас сум многу против тоа бидејќи сакам работата да се врши професионално – ни истакна Оливер, кој се согласува дека жените се многу поопуштени и дека кога ќе се напијат чашка, се послободни.

Извор: релах

Loading...
Next Post

Соновникот на Баба Ванѓа – еве што значи доколку сонувате пари или вампир

Соновникот на Баба Ванѓа – еве што значи доколку сонувате пари или вампир… Пари – ако најдете, некој од вашето опкружување ви подготвува големо зло. Бидете внимателни со луѓето околу вас. Не земајте ништо од земјата – токму преку ова лошите луѓе се стремат да ви наштетат. Земјиште – плодна […]