Струјата во Македонија поскапува, дознајте за колку…

admin22

Поскапува струјата, соопшти предмалку претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски.

Како пример, тој посочи дека на сметка од 1 500 денари сега покачувањето би изнесувало уште 100 денари.

Регулаторната комисија за енергетика прати соопштение до медиумите:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која одобри регулиран максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје. Со оваа одлука просечната цена на електричната енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ се зголемува за 7,42%.

„Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги направи сеопфатни и детални анализи на податоците доставени од енергетските компании за изминатата нетипична година поради пандемијата со COVID-19. Анализите укажуваат дека има отстапување на остварената потрошувачка на електрична енергија во однос на проектираната како резултат на намалувањето на економската активност на индустриските капацитети, што предизвика и намалување на приходите на енергетските компании.

Loading...

Во однос на цената на електрична енергија, согласно моделот на пазарот на електрична енергија којшто произлегува од Законот за енергетика* Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги втора година по ред не ја утврдува цената на електричната енергија произведена во ЕСМ. Со оглед дека пазарот на електрична енергија на големо е целосно либерализиран, ЕВН ХОМЕ ја обезбедува електричната енергија за потребите на малите потрошувачи и домаќинствата преку јавен повик.

И оваа година најголемиот дел од потребната електрична енергија се обезбедува од ЕСМ, како најповолен понудувач на јавниот повик, додека мал дел согласно одредбите од Законот за енергетика* се обезбедува од повластените производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија. РКЕ ја одобрува крајната цена на електричната енергија во која се пресметани и трошоците на МЕПСО за пренос на електрична енергија, Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија, МЕМО за организирање и управување со пазарот на електрична енергија, како и трошокот за набавена електрична енергија.

loading...

Со сите овие елементи просечната крајна цена е корегирана за 7,42% или за досегашна сметка од 1500 денари ќе има зголемување од околу 100 денари. Евтината тарифа останува на располагање на граѓаните во интервалите кои се и денеска на сила преку ден и навечер.„ изјави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

ЕВН Хоме е универзален снабдувач, кој има обврска да обезбеди електрична енергија за сите домаќинства кои го немаат променето снабдувачот.

Оваа година Електрани на Северна Македонија, производител на електрична енергија со најголем инсталиран капацитет, е должен на универзалниот снабдувач да му понуди на продажба најмалку 75% од неговите вкупни годишни потреби од електрична енергија, во согласност со правилата за набавка на електрична енергија за универзалниот снабдувач,

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која одобри регулиран максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје. Со оваа одлука просечната цена на електричната енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ се зголемува за 7,42%.

„Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги направи сеопфатни и детални анализи на податоците доставени од енергетските компании за изминатата нетипична година поради пандемијата со COVID-19. Анализите укажуваат дека има отстапување на остварената потрошувачка на електрична енергија во однос на проектираната како резултат на намалувањето на економската активност на индустриските капацитети, што предизвика и намалување на приходите на енергетските компании.

Во однос на цената на електрична енергија, согласно моделот на пазарот на електрична енергија којшто произлегува од Законот за енергетика* Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги втора година по ред не ја утврдува цената на електричната енергија произведена во ЕСМ. Со оглед дека пазарот на електрична енергија на големо е целосно либерализиран, ЕВН ХОМЕ ја обезбедува електричната енергија за потребите на малите потрошувачи и домаќинствата преку јавен повик.

И оваа година најголемиот дел од потребната електрична енергија се обезбедува од ЕСМ, како најповолен понудувач на јавниот повик, додека мал дел согласно одредбите од Законот за енергетика* се обезбедува од повластените производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија. РКЕ ја одобрува крајната цена на електричната енергија во која се пресметани и трошоците на МЕПСО за пренос на електрична енергија, Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија, МЕМО за организирање и управување со пазарот на електрична енергија, како и трошокот за набавена електрична енергија.

Со сите овие елементи просечната крајна цена е корегирана за 7,42% или за досегашна сметка од 1500 денари ќе има зголемување од околу 100 денари. Евтината тарифа останува на располагање на граѓаните во интервалите кои се и денеска на сила преку ден и навечер.„ изјави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

ЕВН Хоме е универзален снабдувач, кој има обврска да обезбеди електрична енергија за сите домаќинства кои го немаат променето снабдувачот.

Оваа година Електрани на Северна Македонија, производител на електрична енергија со најголем инсталиран капацитет, е должен на универзалниот снабдувач да му понуди на продажба најмалку 75% од неговите вкупни годишни потреби од електрична енергија, во согласност со правилата за набавка на електрична енергија за универзалниот снабдувач.

loading...
Loading...
Next Post

Тешки проблеми ќе ги погодат овие 3 хороскопски знаци во август

За секој од нас, ѕвездите веќе напишале скрипти. Повеќето луѓе го поврзуваат август со радост, добро време и забави. Задоволство и забавата можат да дојдат од каде било, но трите знаци на зодијакот ќе бидат под тешките удари на судбината. Според планетите, за нив доаѓаат лоши денови, бидејќи проблемите ќе […]