СЗО до болниците: Подгответе се за „широко распространување“ на мистериозниот вирус убиец од Кина

admin3
loading...

Вирусот првично се сметаше дека го пренесуваат животните, но СЗО соопшти дека веќе има докази за пренесување на болеста од човек на човек.

Светската здравствена организација ги извести болниците ширум светот да се подготват за можно ширење на инфекцијата од мистериозниот вирус кој веќе уби еден човек и зарази десетици во Кина.

Научниците нагласуваат дека досега не виделе таков вирус. Тестовите само покажуваат дека тој е коронавирус.

Во моментов, во Кина се регистрирани 41 случаи на болеста во градот Вухан од декември. Еден пациент веќе почина од пневмонија предизвикана од вирусот.

Првиот случај регистриран надвор од земјата е во Тајланд. Информацијата предизвика загриженост дека вирусот може да ги напушти границите на Кина.

Loading...

Инфицираната жена, кинескиња на одмор во Тајланд, била регистрирана од аеродромска контрола.

Вирусот првично се сметаше дека го пренесуваат животните, но СЗО соопшти дека веќе има докази за пренесување на болеста од човек на човек.

Д-р Марија Ван Кирхоф, шеф на Секторот за заразни болести на СЗО, рече дека организацијата им наложила на болниците ширум светот да ја контролираат инфекцијата доколку таа се шири. Ова вклучува можност за „широко распространување“ кога неколку инфицирани пациенти можат да ја пренесат болеста на десетици други истовремено.

loading...
Loading...
Next Post

СДСМ: На 12 април враќање на режимот нема да има

Откако се случија демократските промени на локално ниво, до денес за 2,5 години од страна на градоначалници, општини и други надлежни институции поднесени се речиси 300 кривични пријави против поранешни градоначалници, претседавачи на совети и раководители на локално ниво, кадри на режимската ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска го велат СДСМ. – Од […]