Татјана до Филипче: Идат тешки денови, ќе биде и тажно АМА не е твоја вина

admin22

Министре…јас не се крстам во вас бидејки не сте Бог.

Вие сте човек од крв и месо! Еднаш ве распнаа (кога ве избраа), а вие молцескум, онака гале-гале, како и секој професионалец, го докажавте спротивното. Ја имате несреќата да една од најголемите светски закани се случува во ваша смена, а ние ја имаме среќата што вие сте на смена!

Станавте Св. Венко, Супер Венко, секојдневна доза на мир и сигурност, ни покажавте ниво на професионалност и посветеност незамисливо за нас. Станавте Семоќјниот…ама не сте! Сакам да ви кажам нешто…ПАК КЕ ВЕ РАСПНАТ!

Loading...

Истите кои се крстат во вас. Доаѓаат многу тешки денови, ова досега беше само екскурзија. Ке биде тегобно, ке биде тажно, ке биде претешко! Ке носите бреме над бреминјата врз себе, ке се кршите, ке се борите, ке се колебате, ке се обесхрабрувате, ке паѓате од умор…и ке заплачете, ама тоа нема да го покажете се до крајот, баш како прав професионалец.

Ке ве плукаат, обвинуваат, ќе бараат да ве снема, можеби и ке дојде момент сериозно да размислувате за повлекуваље од етички приципи…а јас само сакам да се осигурам дека ќе има кој да ви рече: „Дечко…не е твоја вина!!!“. И да ве замолам, другарски, тоа да не го правите! Само човек без грам морал може да бара „крв“ во етичка одговорност во ваква ситуација!

loading...

Јас би сакала да сте на истото место каде што сте сега и после оваа „приказна“, светот ќе ми е поубаво, посигурно и побезбедно место за живеење. Зошто мора најдобрите етички да „гинат“?! Бидејки јавноста така ќе сака?! И јас сум јавност! Па белким и позитивците треба некој да ги пцуе за промена во оваа држава!!!

Борбата е вредна па макар била и за еден човек…во вашиот случај и за еден живот. Вие сте доктор, тоа го знаете многу подобро од сите нас! Е па оваа една (јас) се надева дека ќе ве има тука и во следната смена!!! И дечко…ништо од она што ќе следи нема да е твоја вина!!!

И на крај…светот го вртат малкумина добри луге, еден од тие момци е урнек како вас…

Loading...
Next Post

Бројката на заболени од коронавирус во земјава достигна 114 лица

Бројот на новозаболени од коронавирус во земјава достигна бројка од 114 лица во последниве 24 часа, говорат податоците на Министерството за здравство. Детектирани се 29 новозаболени во текот на вчерашниот ден, од кои најголем дел се од Скопје. Освен во постојните шест градови каде што имаше заболени од коронавирусот (Скопје, […]