Таткото ја посетил Моника во болницата: Психички е растроена и нема коса

admin22

За време на посетата тој наводно разговарал со неа, но српските медиуми не откриваат која била темата на нивниот разговор.

Роберт Каримановиќ, таткото на малата Моника (12), која вчера беше пронајдена по десетдневна потрага, ја посетил денеска својата ќерка во Клиничкиот центар во Ниш, каде таа се наоѓа од синоќа, пренесува Телеграф.рс.

Тој за овој медиум рекол дека таа заздравува и е во стабилна состојба, а додал и дека нема видливи повреди освен некои модрици на нозете и рацете, но и дека нема коса.

– Косата и е истрижена – рекол Роберт, пренесува Телеграф.

За време на посетата тој наводно разговарал со неа, но српските медиуми не откриваат која била темата на нивниот разговор.

Loading...

– Хоспитализирана е, прима терапија и заздравува. Сопругата е со неа цело време. Комуникативна е, но малку е и психички растроена. Нема никакви видни повреди, освен модринки на нозете и рацете – рекол таткото на Моника, пренесува Телеграф.

Моника била пронајдена вчера во селото Пасјача, во домот од кој Малчанскиот бербер побегнал кога сфатил дека сопственикот на таа куќа го открил.

loading...

Тој Моника ја киднапирал во петокот, на 20 декември, кога утринава тргнала кон училиште.

Тој лажно и се претставил и ја замолил да тргне со него за да му покаже каде е училиштето, во кое наводно имал некоја работа.

loading...
Loading...
Next Post

Саша Поповиќ го избркал овој пејач од „Гранд“: Го прекршил договорот

Познатиот пејач е еден од ретките кои го прекршил договорот со „Гранд продукција“, па Саша Поповиќ го избркал од продукцијата. Ренато Хенц беше финалист во третата сезона на „Ѕвездите на Гранд“. Неколку години снимаше песни за оваа дискографска куќа и настапуваше како ѕвезда на „Гранд“. Меѓутоа, српските медиуми пишуваа дека […]