ТАЖЕН ДЕН: Во сон почина музичарот Денис Демиров, имаше 38 години!

admin22

Естрадата и блиски пријатели денес на социјалните мрежи во неверување се простуваат со музичарот Денис Демиров од Скопје. Тој долги години наназад беше гитарист во групата ,,Газоза бенд” а починал утринава, на свои 38 години.

Веста за неговата смрт ни ја потврди и неговиот колега Џамбо Агушев, кој вели дека според првичните информации кои ги добил, Демиров починал дома, во сон. Имал проблеми со шеќерот и висок крвен притисок.

-Многу жално, Денис над 20 години беше дел од естрадата. Сите сме затекнати, млад човек – изјави Агушев.

Loading...

Поради неговата прерана смрт, по повод 8-ми Април, Светскиот ден на Ромите, од тимот на Рома Прес информираат дека сите денешни активности, емисии во живо, теренски известувања и планирани дебатни трибини поврзани со одбележувањето на Денот на Ромите ќе бидат одложени за утре.

Loading...
Next Post

Филипче: Од „Систина“ јасно ми кажа дека нема да ги намалат цените, а Жан Митрев изрази спремност

Државата нема формално-правен механизам да им наложи на приватните болници да ги намалат цените, рече во одговор на новинарско прашање министерот за здравство, Венко Филипче. Како што кажа тој, со директорите на три клиники веќе е разговарано, но само од една добил одговор дека ќе се обидат да извршат намалување […]