Тажната приказна на Тозовац: Порасна без татко, се ожени на 84 години

admin22

Легендарниот интерпретатор на народна музика, Предраг Живковиќ-Тозовац, почина од последици на Ковид-19 на 85-годишна возраст.

Колегите од цел Балкан се едногласни дека ова е огромна загуба за музичкиот свет.

Драгана Мирковиќ вели дека никогаш нема да заборави што ѝ порачал на почетокот на кариерата.

Loading...

„Многу ми е жал. Најмногу го паметам моето прво појавување на телевизија во легендарната емисија „Фолк парада“ каде водители беа Тозовац, Цуне Гојковиќ и преубавата Злата Петковиќ. Колку прекрасно ме најавија како чудо од дете, а тој рече: Пее ова дете, растура! Тоа никогаш нема да го заборавам“, се присети таа.

Исклучително блиска со Тозовац беше и славната пејачка Мерима Његомир која проговори за неговите последни денови.

loading...

„Се слушнавме во четвртокот. Ми се пожали дека му е досадно, дека гледа во една точка и дека не знае дали воопшто ќе го пуштат да излезе од болница. Говореше чисто, мислев дека ќе ја добие оваа битка. Тој ми е венчален кум, како брат ми е и многу сум тажна“, изјави пејачката за „Блиц“.

Пред да биде хоспитализиран, Тозовац во една прилика нагласи дека коронавирусот е нешто страшно кое не’ затекна, но и дека бил сведок на многу полоши работи кои се неспоредливи со ова.

„Окупацијата во 1941 беше големо зло. И тогаш имаше полициски час, не смеевте да се појавите на улица. Роден сум во Краљево, а тој град беше еден од најпогодените во Србија. Јас сум едно од тие деца сирачиња. Татко ми го стрелаа и тоа се страшни сеќавања“, раскажа Тозовац.

Легендарниот пејач кој позади себе остави бројни безвременски рефрени, за медиумите беше интересен и со приватниот живот.

На почетокот на годинава конечно се ожени со својата 20 години помлада партнерка Емилија Мима со која четири децении беше во врска.

Ова беше втор брак за него, а првпат се оженил кога имал само 20 години и таа заедница бргу се распаднала.

„Не знам ништо за таа жена, живее со семејството во Америка. Бев многу млад и погрешив во изборот“, изјави Тозовац во едно интервју.

Извор: Курир.рс

Loading...
Next Post

Хорскопски подзнаци! Што навистина кажуваат тие за нас! Рак во подзнак!

РАК – подзнак: Променливи, чувствителни, и често се повлечени лица, кои имаат плодна имагинација, понекогаш се сентиментални, зборлести и полни со разбирање за другите, љубов кон домот и семејството, имаат многу добра меморија, особено за историските настани. Достојни економски,постојано се плашат декане ќе е доволно тоа што ќе се постигне […]