ТАЖНО: Телата на Коби и Џана најдени прегрнати

admin3
loading...

Коби Брајант ја прегрнувал својата ќерка Џана во последните секунди од животот. Така биле пронајдени телата на двајцата. Тие починаа во хеликоптерска несреќа.

Полицијата ги пронашла прегрнати заедно, според лице запознато со истрагата, тврдат од „ТМЗ“. Истиот прв зборуваше за трагедијата со кошаркарската легенда што се случи пред неколку дена.

Во несреќата починаа уште седум лица, меѓу кои и двајца соиграчи на Џана во кошаркарската екипа на академијата „Мамба“, што беше основана заради неа од нејзиниот татко.

Oстатоците од Коби Брајант идентификувани преку отпечатоци од прсти

Форензичарите го идентификуваа телото на поранешниот кошаркар на „ЛА лејкерс“ Коби Брајант меѓу остатоците од хеликоптерот што се урна на ридот во близина на Лос Анџелес.

Loading...

Поранешната НБА-ѕвезда Брајант (41) беше идентификуван со помош на отпечатоци од прсти, како и остатоците од уште тројца други лица, чии остатоци биле расфрлени на околу 200 метри поради ударот при голема брзина, соопштија експерти од Агенцијата за безбедност во сообраќајот (НТСБ).

Форензичарите користеле беспилотни летала за да го проверат теренот, но и да се утврди точното движење на хеликоптерот.

loading...
Loading...
Next Post

ИСКРЕНИ ДО СРЖ: Луѓето во овој хороскопски знак секогаш ќе ви ја кажат вистината во лице

Доколку сакате нечие искрено мислење, секогаш може да сметате на искреноста овој хороскопски знак. Луѓето родени во истиот секогаш го кажуваат она што го мислат, без разубавување на реалноста и без да лажат. Станува збор за комуникативните Овни, кои важат за најискрен знак во хороскопот. Тие не сакаат лаги, интриги […]