ТРОГАТЕЛНО: Италијански водител ги загуби татко си, мајка си , тетка си и чичко си поради КОВИД-19

admin22

Италијанскиот актер и водител Габриеле Корси трогна илјадници италијанци, откако објави на инстаграм страница од весник со некролози од неговите родители и блиски роднини, убиени од коронавирус.

Тоа беше татко ми. Оној на малку размачканата фотографија. Се сеќавам на него со црна брада, кога ме учеше да играм фудбал во паркот близу нашата куќа.

Под неговиот некролог, е оној на мајка ми.Беше елегантна госпоѓа, починала сама во болницата, бидејќи не дозволуваат никој од нас да влезе таму. Имам бескрајна болка во срцето за неа. Таа. Сама. Беше моето се. Се грижеше за мене од бебе до ден денешен.

Мојот чичко. Некрологот публикуван во центарот на страницата. Оној господин со очилата, кој заедно со многу други си замина вчера. Оној истиот, кој како мал ме носеше да си играм со макети на авиони, ме тераше да летам и сонувам, со нозете цврство на земја.

Тоа беше тетка ми. Госпоѓата без фотографија. Само дата на раѓање и смрт. Не ни беше дозволено дури да отидеме до нејзината куќа и да најдеме фотографија. Таа, која на божиќ ми го подари првиот фотоапарат.

Loading...

Беа мојот татко, мајка, чичко, тетка, роднини на мои пријатели. Оние, кои денес неможеме да ги прегрнеме.

Оние кои вие незнаете кои се, но јас да. Оние кои за некои се “само старите умираат во Италија”, “да , ама биле стари”, и “умираат поради други болести”. Ако се меѓу оние кои размислуваат така, значи не си научил ништо. Ова не е шега, и се молам на бога да не го осетите на свој грб.

loading...

Споделете да знаат луѓето со што си имаме работа.

loading...
Loading...
Next Post

ФИЛИПЧЕ: Жената која почина од коронавирус изјавила дека не патувала и немала контакт со никој кој бил во странство

Педесет и седумгодишната жена од Куманово која почина од коронавирус имала прв преглед на 16 март во болницата во Куманово, кажа министерот за здравство Венко Филипче на дополнителната прес-конференција за денеска, откако попладнево објави за првиот смртен случај во земјава од КОВИД-19. На Инфективната клиника во Скопје е сместен нејзиниот […]