Црна Гора јавно ги објавува имињата на лицата во самоизолација: Нека се знае кој сосед ве доведува во опасност

admin22

Националното тело за координација за заразни болести во Црна Гора ќе започне да го објавува идентитетот на лицата во самоизолација, објави владата на Црна Гора.

„Секој граѓанин нека знае кој од соседите и сограѓаните поради недисциплината го доведува во опасност“, истакнуваат од телото за координација.

Образложението за ова е трагичното искуство ширум светот кое покажува дека најмногу се заразува и умира од коронавирусот поради недостаток на дисциплина.

„Затоа никој нема право поради својата недисциплина да ве загрози вас и вашите најблиски. Задачата е сите да бидат дисциплинирани и да повикуваат, поттикнуваат и да ги опоменуваат на тоа и другите“, порачуваат од телото за координација.

loading...
Loading...
Next Post

Татјана до Филипче: Идат тешки денови, ќе биде и тажно АМА не е твоја вина

Министре…јас не се крстам во вас бидејки не сте Бог. Вие сте човек од крв и месо! Еднаш ве распнаа (кога ве избраа), а вие молцескум, онака гале-гале, како и секој професионалец, го докажавте спротивното. Ја имате несреќата да една од најголемите светски закани се случува во ваша смена, а […]