Утре е Спасовден: Зошто е најсреќниот ден и што не смеете да правите?

admin22

Утре верниците го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта сѐ уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко.

Се верува дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не бидете мамурни преку целата година.

Крстот е составен дел од ритуалот на Спасовден. Луѓето во некои делови сè уште веруваат дека на денот на Спасителот, секој мора да направи крст од гранчиња на лешници кој потоа се поставува на ливади, полиња или на покривите од домовите.

Loading...

На овој ден е обичај да си замислите драга личност, да искинете ливчиња од цвеќе и полека да повторувате: „Ме сака – не ме сака“. Последното ливче што ќе остане, го крие одговорот на прашањето.

loading...
Loading...
Next Post

Од новозаболените во Скопје, шест се во Бутел, два во Чаир и по еден во...

Од денешните 14 новозаболени во Скопје, шест се во Бутел, два во Чаир, еден во Карпош, Кисела Вода, Студеничани, Сопиште, Ѓорче Петров и Арачиново, истакна директорот на Институтот за јавно здравје – Скопје Арбен Зибери на „Топ тема” на телевизија Телма. Вели дека има заболени во речиси сите скопски општини, […]