УТРЕ Е СВЕТИ ЈОВАН – Задолжително ставете јајце во вода, еве и зошто

admin22

Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен.

За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век.

Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 7 јануари. Меѓу евангелските личности околу Спасителот тој има посебно место: и според начинот на доаѓањето во светот, и според улогата на Крстител на луѓето за покајание, и како Крстител на Месијата, најпосле и според трагичното заминување од овој живот.

Loading...

Се одликуваше со толкава морална чистота што навистина можеше попрво да биде нарекуван ангел одошто смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на Светиот Предвесник се раскажува дека секоја година на денот на неговиот спомен архиерејот Антиохиски ја изнесувал пред народот.

Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна.

loading...

Утре по Водици го одбележуваме празникот Свети Јован Крстител, најпознат по тоа што го крстел Исус.
Соред христијанското предание, роден е шест месеци пред Исус, на Иванден.

Јован Крстител се смета за заштитник на кројачите, музичарите, гостилничарите…

Ноќта на Свети Јован се смета дека треба да ставите јајце во вода, а ако потоне значи ека судниот ден е близу.

Loading...
Next Post

ЈАРЕЦОТ малите нешта, БИКОТ кариерата...Што ги прави среќни хороскопските знаци?

Што ве прави среќни секое утро кога ќе се разбудите? Што е она кое ви дава мотив да продолжите понатаму, да бидете упорни, да успеете? Сте размислиле ли некогаш на оваа тема? Сите ние сме различни како луѓе и многу е нормално и природно да не прават среќни различни работи. […]