(ВИДЕО) Апасиев: Заевизмот е највисок стадиум на груевизмот!

admin22

Денешното обраќање на народниот пратеник и претседател на Левица – Димитар Апасиев околу предлог-Владата на СДСМ-ДУИ:

„Се чудам зошто нема [во новата влада] Турци, зошто нема Роми – како најмаргинализираното малцинство, зошто нема Срби или Власи?“

„Рекорден број на вицепремиери.“

„Одите спротивно на одредбите на Уставот само за [поголем] коефициент за плата. Еве ние како Левица стоиме на раполагање, и покрај тоа што сме банкротирана партија со Еуростандард банката, од новата тура [државно финансирање], ние да го покриваме тој коефициент на овие 4-ца, само да не се брукате да измислувате функции како ‘подпретседател на Влада’.“

„Да се изразам во ленинистички манир: Заевизмот е највисок стадиум на груевизмот!“

Loading...

„Има 4 одлики по кои ќе препознаете хибриден режим. Првата е доминација на приватните и бизнис интереси над јавниот интерес… Втората е арбитрарност и страховлада… Третата е напната и нездрава завереничка атмосфера… И четвртата и последна одлика на овој хибриден режим е некадардна администрација составена од потемкиновци, значи чиновници подлизурковци, клиентелисти.“

„Ние сме класно најраслоена држава од Ирска па до Казахстан!“

loading...

„За прв пат има толку паднати ангели на Сорос како министри. Тука ќе ги вброиме Бојан Маричиќ на водечкото место, Мила Царовска од сороспиското крило и Артан Груби како хушкач на меѓуетнички тензии кој сега ќе треба да помирува и најверојатно преку ќотек ќе оди помирувањето. Пола од невладиниот сектор станаа цицачи на Новиот режим и станаа фејсбук-милиционери како вазални владини загарчиња. Создадоа своја петта колона, како платен НЏО активизам, со странски пари за кој нема ништо свето – туку сѐ е бруто или нето.“

loading...
Loading...
Next Post

Неделен хороскоп од 31.08 до 06.09: Вистински хаос за неколку хороскопски знаци

Овен Се потпирате на своите манири, но внимавајте без добра подготовка, план или проценка нема успех. Потребно е да се согласувате со вашите пријатели. Вниманието и разбирањето кое го добивате во кругот на семејството делува одлично на вас. Бик Чувствувате дополнителен прилив на енергија и подготвени сте максимално да се […]