(ВИДЕО) Како се одржуваше групната молитва за Рамазан Бајрам во Куманово

admin22

Муслиманите денеска го одбележуваат празникот Рамазан Бајрам. По едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваат од храна и пијалоци од изгрејсонце до зајдисонце, утрово во џамиите се служи Бајрам-намаз.

Во џамијата во Куманово што ја посети екипата на „360 Степени“ делумно се почитуваа мерките и не секој верник носеше маска и одржуваше дистанца.

Молитвата траеше само 15 минути, а освен заштита и држење дистанца, препораките беа и секој и секој верник да носи лично сеџаде и да се избегнат поздравите со физички контакт.

loading...
Loading...
Next Post

Детали за вчерашната престрелката во Бутел: Испукани преку 100 куршуми

Во оружената престрелка што попладнево се случи во скопската општина Бутел биле испукани преку 100 куршуми, а околу 20 чаури се најдени на самото место. Лицето кон кое било пукано го пријавило случајот во полиција и посочило дека меѓу напаѓачите препознал двајца браќа од Сингелиќ. Напаѓачите пукале со автоматско оружје […]