(ВИДЕО) Лиде Лиде на Венко Филипче му посвети стихови, му побара и букет рози

admin22

Лидија Гиновска стана популарна во април годинава кога преку Фејсбук му упати покана на министерот за здравство Венко Филипче дека гори од желба да го види и да испијат заедничко кафенце.

По ова таа буквално стана хит на социјалните мрежи и речиси на секој прес го покануваше министерот на кафе и имаше нејзини коментари.

Овој пат за прв пат јавноста може да ја запознае Лиде Лиде преку интервју дадено за Зевзекманија.

Она што е најинтересно во него е тоа што Лиде Лиде се уште чека да испијат кафе со министерот, но и еве што му побара на Филипче како подарок за нејзиниот роденден.

Доколку сте изгледале барем две прес-конференции на министерот за здравство Венко Филипче од почетокот на корона-кризата, сигурно сте налетале на некој од креативните коментари на неговата најголема обожавателка Lide Lide. Низ времето, нејзините коментари станаа симбол на Live видеата од обраќањата поврзани со COVID-19, разведрувајќи ја негативната атмосфера во јавноста со изразување љубов кон министерот или некоја креативна покана за кафе, како на пример:

Loading...

„Министре, не сум респиратор… Ама дишам за вас“

„Г-дине Венко, мерките попуштија, само вие за кафето не попуштивте. Со оваа топло-ладна ситуација добивам впечаток дека покрај кафето сакате и благо (топло-ладно)“

loading...

Токму поради ова, како што многу луѓе ги чекаат пресовите за да се информираат за најновите случувања поврзани со COVID-19, многумина со нетрпение го очекуваат и следниот коментар на Lide Lide.

Но, огромната популарност носи и негативни работи. Додека на некои луѓе целата ситуација со Лиде и Венко им е симпатична, другите сметаат дека Лиде не е вистинска личност, односно дека е „бот“ креиран за PR пропаганда по социјалните медиуми. За да откриеме што од ова е вистина, но и да добиеме појасна слика кои се мотивите за ваквиот пристап, решивме да поразговараме со Лидија од Скопје (презимето познато на редакцијата) на Messenger и да и поставиме неколку прашања:

Дали е Lide Lide вистинска личност?

Секако! Повистинска и пореална може да биде само мајка ми. За потврда, прашајте го мојот шеф на работа кој ме трпи цела вечност.

Кажи ни повеќе за тебе.
Со што се занимаваш освен со коментирање на прес-конференции? 🙂

Можеби ќе ве изненади ова, ама јас работам на место каде што многумина ме гледаат секој ден, ама не се свесни дека тоа е Lide Lide. Имам тезга на зелено пазарче. Се разбира, се зезам за ова! 🙂

Вистината е дека со цел да ја задржам мојата приватност по огромната популарност, не сакам да откријам што точно работам. Но, ќе ви откријам дека мојата работа е таква што на дневно ниво опфаќа справување со секакви будали, психопати, „хиени“ и мажи кои ме сметаат за конкуренција. Само, последниве месец дена сум полабава и работам со фини луѓе.

Што те поттикна да бидеш најредовен коментатор на Live видеата на Венко Филипче?

Не сум најредовна! Ваљда жена му е поредовна од мене. Хаха! Сѐ почна како зафрканција откако на една од прес-конференциите му пишав „Венко, да ти кажам дека си ми симпатија“, а потоа коментирањето прерасна во обврска и задоволство.

Фотографија од Lide Lide
Дали ги почитуваш мерките?

Кои мерки? 90-60-90? Не, попуштив малку околу струкот.

Си прекршила некогаш полициски час?

Не. Никогаш.

А за Венко би прекршила?

Ако ме викне на кафе – да! Вреди да се ризикува!

Што те импресионира кај министерот најмногу?

Венко ми е симпатија. Ми внесува смиреност и релаксација. Ме импресионира тоа што успева да остане сталожен према сѐ во вакво тешко време. Токму поради тоа, ги повикувам сите да ги почитуваат препораките на министерот – се работи за нашето здравје пред сѐ!

Како добар познавач на неговите јавни настапи, сметаш ли дека досега направи некаква грешка?

Да! Направи грешка што не најде време да ме поздрави на ниту еден прес досега, макар и на крајот. А ќе направи уште поголема грешка ако после ова лудило не ме покани на кафе.

Некои те обвинуваат дека си партиски бот за ПР пропаганда. Што велиш за тоа?

Реална сум. А на сите мои хејтери би им го дала следниот совет: Дај живејте малку, одржувајте редовни сексуални контакти и мијте си ги рацете.

Кафичите одамна се отворени. Зошто уште не го испивте долгоочекуваното кафе?

Во последно време изгледа напнато и мислам дека е премногу зафатен. Сигурно нема време. Ама, барем нека ми каже: „Лиде, само да средам неколку работи и ќе пиеме кафе“. Така ќе го разберам, коректно е.

Што ако случајно имате близок респираторен контакт?
Сепак, министерот за здравство е човек со многу контакти – се плашиш од коронавирусот?

Со сигурност тврдам дека можам да му верувам околу тоа, не се плашам. Воедно, барам Владата да издаде и протокол за близок контакт во време на корона-кризата. Ќе се најде.

Што би му порачала на министерот?

Му порачувам да се опушти малку. Еве, за почеток, предлагам да ме дружи почесто. Тој има насмевка од милион долари и не треба да ја крие – сакам почесто да го гледам насмеан.
PS: Венко, однеси ме што поскоро во првиот кафич или јас ќе ти донесам кафе во термос! ❤️

За крај, да се потсетиме на некои од легендарните коментари:

loading...
Loading...
Next Post

ВНИМАВАЈТЕ: Многу топла воздушна маса се движи од југ кон нашата држава

Во текот на новата седмица нашата територија ќе биде зафатена од МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од југ, односно од северните предели на Африка. Времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО, особено топло ќе биде од среда кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од […]