(ВИДЕО) Мигранти шетаат долж железничката пруга во Велес, полицијата никаде ја нема

admin22

Група од осум мигранти денеска околу 12 часот помина по железничката пруга во центарот на Велес. Камерата на Батали.нет успеа да го сними нивното минување. Мигрантите се движат од југ кон север, односно кон границата со Србија, откаде се обидуваат да стигнат до земјите од западна Европа.

Откако почна кризата со коронавирусот, се намали бројот на мигранти кои нелегално ја поминуваат територијата на Македонија.

Сепак, во последните недела – две, повторно е забележано зголемено присуство на мигранти, кои освен пругата, често го користат и автопатот Гевгелија – Скопје, но се превезуваат и со илегални трговци.

Пред два дена, железничка локомотива усмрти мигрант кој спиел на пругата, кај велешкото село Згрополци. Неколку дена претходно, двајца мигранти со закана од пиштол се ограбени на автопатот Градко – Велес, во близина на село Караслара, а истиот ден, кај клучката Велес – Скопје – Штип полицијата фати шверцер, кој превезувал 12 мигранти.

Една недела претходно, кај месноста Пуста кула, на стариот пат Скопје – Велес полицијата откри 25 мигранти во три автомобили, но возачите побегнаа.

Loading...

Извор и видео: Батали.нет

loading...
Loading...
Next Post

КОИ СЕ УСЛОВИТЕ: Нови правила за македонските државјани при влез и излез од земјата

Македонските државјани кои сакаат да излезат од државата тоа можат да го направат, но под услов на самиот граничен премин да потпишат соодветна изјава која ја издава МВР, а со која се обврзуваат дека нема да бараат помош од државата во случај на проблем во странство. Влез во земјата, од […]