(ВИДЕО) МИЦКОСКИ МАТИ НЕШТО: Ќе бидам премиер на Република Северна Македонија

admin22
loading...

Не можеме да ја игнорираме реалноста, но ќе се бориме да ја промениме, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неделното интервју на РСЕ, одговарајќи на прашањето дали ако победи на изборите ќе биде премиер на Република Северна Македонија.

Би бил лажливец да кажам дека нема тоа да биде така, меѓутоа истовремено никој мене на таа маса не може да ми забрани да кажам дека сум Христијан Мицкоски од Македонија, којшто е Македонец и говори македонски јазик, вели Мицкоски.

Во продолжение погледнете го во целост интервјуто со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој признава дека договорот со Грција беше неоходен поради приемот во НАТО, но не, како што вели , со ваква содржина. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го ратификува протоколот за пристап во Алијансата, но не и да го гласа Законот за одбрана додека во него стои Армија на Република Северна Македонија.

-Ние принципиелно имаме став дека ќе коалицираме со секоја политичка партија која ќе ја прифати нашата платформа, односно политичка програма. Ќе седнеме, ќе разговараме, ќе преговараме и зошто да не и ќе коалицираме. Немаме преференци кон ниту една, имаме релации со сите политички партии коишто се претставници на Албанците, имаме со политичките партии коишто не се претставници на Албанците, туку на другите етникуми итн, така што ќе имаме програма на масата и ви за ви таквата програма, доколку најдеме точка на поврзување, зошто да не, вели Мицкоски.

Loading...

Тој рече дека како партија не се задоволни од тоа како се одвива истрагата за Рекет.

loading...
Loading...
Next Post

Комплетен и неверојатен љубовен хороскоп за 2020 година

Останува помалку од една недела до новата 2020 година. Ние веќе започнавме серија астролошки прогнози за следната година. Но, сега ќе зборуваме за љубовта. Конкретно, што во планот на љубовта треба да се подготви целиот хороскопски знак во 2020 година? Љубовен хороскоп 2020 година: Овен Овенот ќе ја одржува својата […]