(ВИДЕО) НАЈУБАВИОТ УКРАС: Како да ги обоите велигденските јајца со декупаж техника

admin22

Иако изгледа како тешка вештина, оваа техника е многу убава и лесно се изведува, а вашите велигденски јаца ќе бидат најубави.

Потребно ви е: салфети со најразлични цветови, варени јајца, изматена белка и ножички.

Подготовка: Сварете ги јајцата, изматете ја добро белката од јајцето. Пожелно е јајцата да бидат бели. Исецкајте ги цветовите и одвојте го најтенкиот лист од салфетката.

Намачкајте го јајцето со белката па полека со прстите нанесете ја сликичката. Врвот од прстите нека ви биде намачкан со белка, па така развлечете го добро краевите од сликичката и притиснете да се залепи.

Оставете да се исуши. Јајцата изработени со оваа техника личат како да се насликани и одлично ја красат велигденската трпеза. Уживајте и забавувајте се!

Loading...

loading...
Loading...
Next Post

(ВИДЕО) ОВА Е НАЈГОЛЕМ ШОК: Заспал со девојката, а се разбудил со нејзината мајка

Како вие би се чувствувале доколку заспиете со вашата девојка, а се разбудите со нејзината мајка? Откачено нели? Една белгиска компанија за својата реклама за креми за заштита од сонце решила да најми 5 млади парови кои што ги пратила на одмор на премногу сончево место, но покрај младите парови […]