(ВИДЕО) Оџата утре нема да ја отвори џамијата за да не дозволи ширење на Ковид-19

admin22

Езанот ечи, но намаз со верници во џамијата во Порој не се дозволува од крајот на март. Така решил имамот Максут Абази. Тој вели дека ваквата одлука ја донел за ги почитува мерките за заштита од коронавирусот.

„Ја донесов оваа одлука за да не дозволам вирусот да се шири кај моите сограѓани. Џамијата е Божја куќа, верникот кога доаѓа да се моли во џамија треба да биде слободен. За мене не е во ред да им кажам на верниците да мијат рацете, да ги дезинфицираат рацете и да држат социјална дистанца“-рече Максут Абази, имам на џамијата на село Порој.

Џамијата ќе биде затворена и утре, нема да се клања ниту Фитр Бајрам. Тоа е за добро на верниците, вели имамот Абази.

„Додека не се отворат училиштата, мислам дека и џамиите исто така треба да покажат солидарност со образовните институции, здравјето на верниците е пред сè. Пророкот Мухамед вели: кога во едно место се појавува епидемија, не влегувајте во неа, а ако сте таму, не излегувајте оттаму.

Од вестите дознав дека поголемите муслимански земји од нашата земја, Турција, Саудиска Арабија и други, неколку дена воведоа полициски час за да спречат ширење на вирусот. Можеби ќе бидам критикуван и ќе ме пцујат за оваа одлука, но меѓу верниците ќе има и такви што ќе ме разберат правилно“-изјави Максут Абази, имам на џамијата во село Порој.

Loading...

Оваа одлука на имамот, жителите на Порој, сепак ја поздравуваат.

„Ние сме многу задоволни од секоја активност. По своја иницијатива имамот го направи ова зеленило, чистејќи дрвја и сè. Без имамот, тука не може да се стори ништо“

loading...

„Тоа е добро, секако дека е добро. Ние сме дури и многу горди на имамот“

Жителите велат дека имамот не е активен само во џамија, туку и во селото. Овие паркови во Порој, велат тие, се токму негово дело.

Извор: АлсатМ

loading...
Loading...
Next Post

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДОЈРАН АНГОВ: Тетка Емилија е горда што нејзиното срце се уште чука

Телото на 43-годишната Емилија Динева од Стар Дојран, која ќе биде запишана во историјата на македонското здравство како прв донор на срце, попладнево беше предадено на нејзините најблиски во родното место. Семејството Диневи се соседи на градоначалникот Анго Ангов, кој го изрази своето жалење за загубата, на како што кажа, […]