(ВИДЕО) Попови со света водичка повикуваат на литургија и го бркаат коронавирусот

admin3
loading...

Поповите качени на камионче шетаа низ Велес и Кавадарци и со света вода „го бркаа“ коронавирусот од градовите.

Во Кавадарци денеска се читаше молитва за Бог да помогне и да го исчисти вирусот и сите неволји околу нас објави МИА.

Пред црквите „Света Петка“ и „Свети Димитрија”, свештеници ја прочитаа молитвата ваташката црква.

– Покадивме секаде низ градот. Опфативме доста улици. Темјанот да покади секаде. Попрскавме со крстена вода. Секако дека веруваме дека тоа ќе помогне. Ако не веруваме, нема да го правиме, за МИА изјави еден од свештениците.

По многуте коментари и споделувања на ваквиот необичен обред на свештениците на својата Фејсбук страница се огласи и Повардарската епархија на МПЦ-ОА.

Loading...

„Следејќи ја традицијата на Светата Православна Црква, кога за време на војни, суша, земјотреси, епидемии и други несреќи, во минатото биле спроведувани литии со икони, крстови, света вода и свети мошти, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, денес, во сите градови и населени места од Повардарската епархија со света вода беа попрскани улиците, беше прочитана молитва и беше побарано благослов од Бога за престанок на глобалната пандемија и на погубната зараза. Следејќи ги препораките од државните органи, за да не се собира голем број на народ, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, благослови овој чин свештенството да го отслужи во движење, со помош на возила, што е редовна пракса при вакви вонредни состојби и во други држави и помесни Православни цркви.

Бог да ја благослови нашата татковина Македонија и нека ги штити од разни болести и зарази сите оние кои живеат во неа“, стои во соопштението.

 

loading...
Loading...
Next Post

Наташа почина чекајќи резултати за коронавирус: Имала настинка а потоа...

Медицинска сестра во Њу Орлеанс, Наташа От (39), почина во очекување на резултатите од тестот на новиот вирус на корона. Првите симптоми ги почувствува на 10 март кога имаше блага треска. Таа испрати порака до нејзиното момче Џош Андерсон дека не се чувствува добро. Следниот ден, таа отиде во болница, […]