(ВИДЕО) ПОПОВИТЕ „НА ТЕРЕН“ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ: Со света вода и црковна музика

admin22
loading...

Во време на пандемија на смртоносен вирус кога здравствените експерти ги повикуваат граѓаните да седат дома за да си го заштитат здравјето, дел од свештените лица повикуваат верниците да одат во цркви, да се причестуваат и да ги бакнуваат иконите.

Свештеници од кавадаречките храмови одржаа литургија против коронавирусот. Во својот говор ги убедуваат верниците дека во црквите години наназад се причестувале болни од разни болести и дека не може да се заразат во храмовите.

„Ве уверувам и апелирам да доаѓате во црквите, да ги целувате иконите и да се причестувате без страв. Црквите со молитви и темјан се борела против болести. Ако така лесно се ширеа болести од иконите, црквата ќе беше исчезната. Секој се стресува од помислата на смртта, а воскресението е лек против тој страв. Кога ќе воскеснеме ќе живееме вечен живот, живот кој нема крај. Подобро е да умреме причестени со Христос, отколку да останеме да живееме без Христос.“ – вели свештеник.

Осветен од свештеници беше и градот Велес каде исто така има регистрирано заразени од корона вирусот.

Од повардарската епархија велат целта е да се врати вербата кај граѓаните и порачуваат дека нема да се откажат од одржувањето на литургии. Велат дека верниците треба да се причестуваат, а литургиите ќе ги организираат со отворени врати и со одредено растојание помеѓу верниците, со што велат нема да има опасност од ширење на заразата.

Loading...

„Причестата мора да оди. Тоа е во пораката на посланието што го испрати Владиката и тоа послание кажува дека подобро е ако треба веќе да биде крајот на нашиот живот да умреме причестени затоа што тоа е најголемиот лек што постои во црквата. Најдовме начин како тоа да го изведеме, на одредени растојанија, со отворени врати, меѓутоа литургијата е најсветата служба која никогаш не смее да престане. Денот кога ќе нема литургија ќе биде прашање светот дали ќе постои. Ние кажуваме дека не се плашиме со Бога напред, не се плашиме и мораме да ја зголемиме верата! Сите препораки ние ги почитуваме, не им дозолуваме да бакнуваат крстови и слично, но не можеме да се откажеме од нашиот позив, а нашиот позив е да бидеме први што ќе ги повикаме луѓето да бидат со Бога затоа што единствено Бога може да ни помогне во вакви ситуации.“ – вели Отец Борче Бобевски – Повардарска Епархија.

Претходно надлежните здравствени институции апелираа и до Македонската Православна Црква и до Исламската верска заедница, како и до сите верници да се воздржат од секакви собири периодов, поради опасноста од ширење на коронавирусот, од кој се поголем број на граѓани заболуваат.

Извор: Тв24

loading...
Loading...
Next Post

Даниела Стојанова: Од вчера сум во државен карантин и сакам да се заблагодарам на сите љубезни граничари, полицајци, шофери, медицински лица, хотелскиот персонал

Драги пријатели, Од вчера сум во државен карантин и најпрво би сакала да се заблагодарам на сите љубезни граничари, полицајци, шофери, медицински лица, хотелскиот персонал, како и на сопатниците, секој се труди најдобро што може во дадените околности. Благодарам и на многуте пријатели кои ме контактираа и се грижат за […]