(ВИДЕО) Шилегов „одвали“ во расправија со граѓанин: „Никад“ да нè не гласаш, живеј си!

admin22

Градоначалникот Петре Шилегов денеска, за време на свеченоста по повод засадување на 7 дрвца во дворот на Архитектонскиот факултет, нервозно му се обрати на сограѓанин кој се обиде да му постави некои прашања:

“Имај си убав ден, благодарам многу’, му рече Шилегов на фраѓанинот кој се доближи до него, а кога граѓанинот спомна дека пак ќе има избори, Шилегов продолжи:

„Никад да не не гласаш више, немаш проблем, живеј си!“

Човекот кој вербално беше нападнат од страна на Шилегов, не успеа да постави прашање зошто се појвиле толку многу луѓе на садење 7 дрвца, ниту да даде изјава за медиумите, пренесе Алсат М.

„За 7 садници толку многу камери? Си прават филмови, од кај да знам што си прават. Мислат дека народот им верува во тоа, со 7 дрвца ништо не се прави. Каде се автобусите? Каде е гасификацијата што ја вети? Мостовите? 300 работи ветија дека ништо не е направено“, рече револтираниот граѓанин.

Loading...

Шилегов уште еднаш му се доближи, го прекина во изјавата и рече:

“Клиентизмот и луѓето кои мислат дека поддржале определена политичка структура само за да добијат вработување а имаат по 50 и кусур години“…

loading...

Човекот врати: „Не барам вработување, јас имам пензија!“

loading...
Loading...
Next Post

Овој обичај е многу важен: Што се прави со свеќата по слава

Доаѓаат многу слави, а најголемата од сите е Свети Никола која ја чествуваме на 19 декември, а е најчеста македонска слава. Како таткото ја пренесува славата на совите синови? Доколку синовите живеат со таткото во една куќа, тогаш сите заедо ќе ја слават славата. Меѓутоа, кога некој од синовите основа […]