(ВИДЕО) Што пронајдоа археолозите кога по два века го отворија гробот на Исус

admin22

Гробницата на Исус, висока неколку метри и широка мермерна куќичка, беше отворена од грчки конзерватори пред четири години, првпат по скоро два века, а камерите го забележаа моментот кога ѕирнаа во гробницата и открија што има внатре.

„Отворањето на гробницата ќе им овозможи на експертите единствена можност да ја испитаат оригиналната позадина на најсветото место на христијанството“, напишаа репортерите на „Нешнл географик“ кои присуствуваа на настанот за документарецот.

„Морам да признаам дека колената ми се тресеа“, рече Фред Хиберт, археолог од „Нешнл географик“.

Гробницата веќе со децении е заштитена со метална конструкција, која ги одржува мермерни блокови нагризани од времето и влијанието на илјадници аџии и туристи.

Мермерната плоча беше преместена на три дена за реставрација и археолошка анализа, а фотографот беше во можност да го фотографира местото каде што се верува дека се наоѓа карпата зад која се верува дека било положено телото на Исус.

Loading...

Во тесниот дел под поместената плоча, може да се види слика на Исус, а конзерваторите пронајдоа и некои други материјали што ги испратија на анализа.

Едикулата која се наоѓа под куполата на црквата изградена на местото на пештерата во која наводно почивал Исус, за време на возобновувањето, била демонтирана и повторно составена. Мермерните плочи беа исчистени и зачувани, а само скршени и кршливи делови беа заменети.

loading...

loading...
Loading...
Next Post

Заменик-министерот на Груби од Министерството за политички систем позитивен на Ковид-19

Илхан Рахман, заменик-министерот во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи Артан Груби од ДУИ, преку „Фејсбук“ ја извести јавноста дека е позитивен на коронавирусот. Почитувани, сакам да Ве известам дека покрај сериозното почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19, после благите симптоми од […]