(ВИДЕО) Силјаноски од каранти: Условите тука во Михајлово се солидни

admin22
loading...

На над 1760 метри надморска височина, покриено со снежна покривка, на 40 километри од Кавадарци, се наоѓа Детското одморалиште „Михајлово“ каде група од 40 луѓе, кои во понеделникот се вратиле од други земји, го поминува својот четврт ден во карантин.

По објавата на едно видео на социјалните мрежи за наводно лошите услови во прифатилиштето, денеска Алфа влезе во објектот. Дел од сместените во карантин, со дозвола од Управата и на оние кои го чуваат објектот, отворено зборуваа пред нашата камера.

-Да бидам искрен, условите се реално добри, ако ја согледаме оваа ситуација. Мора да размислуваме рационално и мора да прифатиме дека условите се солидни. Имаме тушеви, имаме бањи, имаме доволно храна.

Првиот ден кога дојдовме навистина имавме проблеми со парното, но веднаш другиот ден веќе беше решен и сега има и доволно топлина, така што за една ваква ситуација, за еден хаос каков што е во државава, условите навистина се издржливи, да речеме. Персоналот се однесува коректно со нас и се надеваме дека ќе издржиме во овие 14 дена, без никаков понатамошен проблем, вели македонскиот пејач Спасен Силјаноски кој во моментот е изолиран.

-Условите, сега за сега, се добри. Имаме се што ни треба, топло е, донесоа и радијатори плус. Има топла вода, радијаторите работат, а трипати ни носат топол оброк, ни рече следниот наш соговорник.

Loading...

-Условите тука во Михајлово се супер. Секоја соба има два кревета, во соба сме по двајца или по еден, има греење, има телевизор, шкафови, а и бања во секоја соба. Јадење ни даваат трипати дневно. Исто, и во текот на денот, ако ни затреба нешто, можеме слободно да се обратиме кај надлежните и тие ни одговараат на прашањата, вели нашиот трет соговорник.

Извор: Телевизија Алфа

loading...
Loading...
Next Post

САД се искачи на првото место со најмногу заразени од коронавирус

САД ги надминаа Италија и Кина и станаа држава со најмногу потврдени случаи на коронавирус. Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, во САД има 82.404 заразени, со што изби пред Кина (81.782) и Италија (80.589). Во САД досега има повеќе од 1.100 починати од КОВИД-19. Овие црни бројки беа објавени […]