(ВИДЕО) ТЕЛЕВИЗИЈА 24: Во Шуто Оризари, како да нема КОРОНА

admin22

Паралелно додека докторите се борат за подобрување на здраствената состојба на заразените, и додека владините служби секојдневно носат нови одлуки за спречување на ширењето на заразата, екипата на тв24 повторно излезе во проверка на почитување на препораките.

Најпрвин по релативно празните улици и булевари се упативме кон црквата св Петар и Павле во Ѓорче Петров. И покрај апелите да се прекине со литургиите, овде сликата беше поинаква. Мал број на верници пред црквата присуствуваа на утринската литургија и притоа поклонувајќи се ја допираат земјата а потоа лицето, целосно спротивно на препорачаните мерки за заштита.

На градските гр*бишта во Бутел, сликата поразлична од вообичаено, најтажните моменти сега се уште потажни, тишината е длабока и мачна, последните испраќања сега се само во кругот на најблиските.

Оттаму се упативме кон Шуто Оризари, и се чини влеговме во сосема безгрижно подрачје . Овде затекнавме музика, смеа и целосно непочитување на препораките.

Непознавањето на состојбата во овој дел од градот е загрижувачка, децата и целокупното население тука се под висок ризик, оттаму, жителите на Шутка преку градскиот превоз се упатуваат кон Скопје, и покрај алармантната состојба во целиот свет, овде сите се спокојни.

Loading...

Не е шега, и граѓаните треба да бидат одговорни, апелира редовно на пресовите министерот за здравство, но дел од граѓаните и понтаму одбиваат да ги прифатат препораките. Во Жена Парк и денес повторно групирање на пензионери, кога дел од нив не видоа дека доаѓаме веднаш се разбегаа, а еден од нив храбро ни одговори дека не може по цел ден да остане дома.

Одговорните граѓани и понатаму водат грижа за своето и здравјето на своите најблиски па во домашни услови го исполнуваат своето време, дел од нив се упатуваат кон аптеките во потрага по неопходните хигиенски средстава, во Скопје се забележуваат редици со пристојно растојание. Скопје и Македонија водат битка.

loading...

Се држат литургии, во Шутка велат дека не знаат што е коронавирус

Паралелно додека докторите се борат за подобрување на здраствената состојба на заразените, и додека владините служби секојдневно носат нови одлуки за спречување на ширењето на заразата, екипата на тв24 повторно излезе во проверка на почитување на препораките.

Публикувахте от Телевизија 24 в Сряда, 18 март 2020 г.

loading...
Loading...
Next Post

Директорот на СЗО го нарече вирусот – „непријател на човештвото“, побара една земја да се подготви за најлошото

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус, го нарече новиот коронавирус „непријател на човештвото“, откако повеќе од 8.000 луѓе починаа во светот од неговата појава во декември. – Коронавирусот е невидена закана. Но, тоа е исто така невидена можност за нас да се обединиме против заедничкиот непријател, […]