(ВИДЕО) УЖАС: Во Мадрид пациентите со коронавирус лежат на подовите, собите се преполни

admin22
loading...

На социјалните мрежи се појави видео, на кое се прикажани ужасни сцени од шпанските болници на кои се гледаат пациенти со коронавирус кои лежат на подот.

Преполните болници, кашлање и дишење треба да бидат отрезнувачки за многумина кои не ја сфатиле сериозно оваа пандемија, особено за оние кои не ги почитуваат мерките за изолација и прекинувањето на контактот со други.

Видеото, исто така, јасно ги покажува сите маки на медицинскиот персонал што се обидуваат да му помогнат на секој од заразените без оглед на условите.

Повеќето пациенти имаат шишиња со кислород, а многумина се приклучени на инфузија. За жал, епидемијата е толку голема што пациентите примаат третман на подот на болницата „Инфанта Леонор“ во шпанската престолнина Мадрид.

Бројот на починати во шпанската престолнина се искачи на 1.263, а бројот на заразени потврдени случаи на 10.575.

Loading...

Во Шпанија, бројот на заразени лица денес се искачи на 33.089,што ја прави најранливата европска земја по Италија.

loading...
Loading...
Next Post

Белгија: 1049 нови заразени од коронавирус, прв случај на заразено домашно милениче

Белгиските здравствени власти регистрирале 1049 нови заразени од коронавирусот во земјата, а регистриран е и првиот случај на зараза на домашна мачка, јавуваат белгиските медиуми. Станува збор за домашна мачка која била заразена од човек, утврдила универзитетската лабораторија во Лиеж, Белгија. -Ваквиот тип на зараза од човек кон животно бара […]