ВИСТИНСКИ УЖАС ВО КАРАНТИН ВО КРАГУЕВАЦ: Нападнал лекари и ги заразил со коронавирус оти сакал да си оди дома

admin22
loading...

Крагуевчанецот С. В. (47) нападнал неколку лекари и друг медицински персонал во карантин вчера во Крагуевац, бидејќи сакал да си оди дома за роденден. Тестовите подоцна покажале дека е заразен со коронавирус. Се претпоставува дека за време на инцидентот заразил дури пет лица.

Како што се дознава, С.В. денеска бил тестирано и се покажало дека е позитивен.

Како резултат на нападот врз медицинскиот персонал, тој инфицирал дури пет лица кои се ставени во изолација. Доколку ова сомнение се докаже како точно, односно дека С.В. ги инфицирал споменатите лица му се заканува затворска казна до 12 години.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ претходно го коментираше настанот.

– Имавме случај во Крагуевац, физички силен човек. Се пријавил во Легијата на странци, но не бил примен. Нападнал и двајца медицински техничари- на едниот му ја скинал маската, а другиот физички го нападнал. Го совладале двајца војници. Што правиме сега ако откриеме дека е позитивен на тестот? Тој го направи тоа од карантин. Слушнав неверојатната причина дека го сторил тоа бидејќи утре му е роденден, рече Вучиќ.

Loading...
loading...
Loading...
Next Post

ВИДЕО-Жан Митрев: Подобро носете шал, отколку заштитна маска

Академик доктор Жан Митрев преку видео обраќање дава неколку препораки за тоа како луѓето да се заштитат од опасниот коронавирус. Според него, многу подобро е ако луѓето замотаат топол шал околу лицето, отколку да носат хируршки маски врз устата и врз носот. Тој исто така додава дека редовната инхалација може […]