ВЛАДАТА СО КОНЕЧНА ОДЛУКА: Како за Велигден така и за Бајрам, карантин од недела до вторник

admin22

Владата донесе одлука за карантинот за празникот.

„Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд.

Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05:00 часот. Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро“, информираат од Владата.

Граѓаните од муслиманска вероисповед ќе го слават Курбан Бајрам.

На 24 мај се слави и денот на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј.

Loading...

loading...
Loading...
Next Post

Филипче: Недоволно се санкционираат прекршувањата на мерките

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на ТВ 24 рече тој тој лично смета дека недоволно се санкционираат прекршувањета на мерките за заштита од корона вирусот. -Лично сметам дека недоволно се санкционира. Институциите треба поинтензивно да работат на терен да ги идентификуваат ваквите прекршоци. Мора граѓаните кои не […]