Владата со уредба финансиски ќе ги помага МПЦ и ИВЗ

admin22

Владата со уредба финансиски ќе ги помага МПЦ и ИВЗ, дознава ТВ24.

На вчерашната седница Владата донесе одлука на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ да му се доделат вкупно 73.000 евра, а на Факултетот за исламски науки 49.000 евра, или вкупна сума од 122.000 евра.

Одлуката на Владата доаѓа експресно откако реисот Сулејман Реџепи се закани дека ако не добие помош од државата, ќе ги „суспендира“ забраните за собири и движење во полициски час и потоа никој нема да може да се справи со епидемијата.

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петроска во Отвореното студио на ТВ24 рече дека изјавата на реисот Реџепи предизвикала вознемиреност и кај јавноста и кај институциите, а повикување или изразување на револт на мерките кои Владата ги дава во интерес на граѓаните е несоодветно, особено што ова не е битка само на владата или на општеството, туку на целиот свет.

loading...
Loading...
Next Post

КАНАЛ 5 СО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Нашиот колега Гоце за жал е позитивен на КОВИД-19

Свесни сме за тежината на актуелната ситуација, поврзана со светската пандемија на Корона вирусот, која зема замав и за жал , исклучок не беше и еден наш колега, Гоце Михајлоски. Како професионална и одговорна компанија , која сигурно ќе го надмине и овој сериозен предизвик, потенцираме дека и ние самите […]