Во градот рекордна стапка на загадување: Киев погоден од песочна бура

admin22

Главниот град на Украина денес беше обвиткан во густ чад кој се ширел од пожарот во зоната на неактивната нуклеарка во Чернобил, а загадувањето на воздухот измерена утрово во Киев била меѓу најлошите во светот.

Киев, град со повеќе од три милиони жители, во четвртокот вечер беше погоден од песочна бура, предизвикана од налети на ветер, по што над градот се надвил густ чад со силен мирис на изгорено.

Во петокот наутро, Киев се најде на врвот на листата во однос на загадувањето на воздухот, според податоците на швајцарската компанија специјализирана за технологии кои го подобруваат квалитетот на воздухот на Ај-кју-ер.

Властите како причина за загадувањето ги наведуваат шумските пожари, особено во затворената зона околу Чернобил, местото на најтешката нуклеарна катастрофа во историјата во 1986 година. Поранешната нуклеарна централа се наоѓа на околу 100 километри од Киев.

Масовното согорување на исушената трева, исто така, придонело кон загадувањето, вообичаена практика во украинските села.

Loading...

Службата за вонредни случаи тврди дека „не постои никаква хемиска или радиолошка закана“ и независни набљудувачи исто така потврдиле дека нивото на радијација не го надминува дозволениот стандард.

Властите ги повикаа граѓаните да останат дома и да ги затвораат прозорците.

loading...

Шумскиот пожар избувна во Чернобил на 3 април и зафати повеќе од 100 хектари шума околу некогашната нуклеарна централа. Угасен е во вторникот по повеќе од 10 дена, со голем ангажман на над 400 пожарникари и со помош на хеликоптери и авиони.

loading...
Loading...
Next Post

(ФОТО) ЌЕ ВИ СЕ РАСПАРА СРЦЕТО: Анестезиолог храни бебе заразено со коронавирус

Оваа фотографија го заобиколи светот овие денови. Докторката Олфа Турки, професор по анестезија и реанимација со шише во рака храни две месечно бебе заразено со коронавирус. Лекарката веќе една недела не ги видела своите деца поради професионалните обврски и самоизолацијата. Loading...