Во недела е голем христијански празник – Еве што НЕ треба да правите на денот на Свети Илија Громовникот

admin viktor

Македонските православни верници во недела го слават Илинден или денот на пророкот Свети Илија, во народот познат и како Илија Громовник.

Ова е голем национален и верски празник за МАКЕДОНЦИТЕ и за историјата на МАКЕДОНСКИОТ народ затоа што на овој ден започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 на овој ден се одржало првото заседание на АСНОМ.

Православните верници на овој ден го одбележуваат празникот на пророкот од стариот завет и новозаветниот светител Илија. Тој е присутен како во Стариот, така и во Новиот Завет како пророк и непоколебливо ги проповеда етичките вредности чии особини христијанството ги преземало и ги доведува во врска со зачетокот на новата вера и Христовото доаѓање.

Според преданието пророк Илија бил меѓу пророците на гората Тавор кои му се поклониле на Исус Христос на денот на Преображение Господово кога им се јавил на своите ученици со поуки за новата вера, па затоа и неговиот лик се наоѓа на иконите што го отсликуваат овој настан.

Свети Илија е присутен и во визијата на Јован Богослов каде неговата улога се врзува за иднината на христијанската црква и второто доаѓање на земјата на Христос Спасителот – новото Преображение на кое се надева и во кое верува христијанскиот свет.

Loading...

Според книгата на Откровението на Јован, второто доаѓање на Христос ќе го најави Илија со старозаветниот пророк Енох и со нивното страдање треба да почне новото преображение на човештвото.

Народни верувања
Во народот постои верување според кое Свети Илија не умрел туку е жив и со пламени кочии, се вознел на небото, па таа слика може да се види и на празничните илинденски икони.

loading...

Позната е и сцената со Свети Илија во пештерата во која се крие од лошиот цар Ахава, а гавран му носи храна. Според преданието, Илија Тесвичанин е роден во местото Тесвит, во Израел во 9 век пред Христос (816 година). Бил прогонет од царот на Евреите Ахава кој под влијание на својата жена Језавеља ја напуштил верата на Мојсие и ги славел туѓите богови.

Царот Ахав сакал народот да се откаже од својот единствен Бог и да верува во богот Вал на кого што му подигнал храм во Самарија. А кога меѓу народот завладеал неморал пророкот Илија се помолил на Господа и три години дожд не заврнал и меѓу народот зафатил голем глад. Земјата испукала, секнале изворите, а многу луѓе и стока изумреле. А кога народот видел дека направил голем грев и се покајал, пророкот Илија пак се помолил на Господа по што заврнал обилен дожд.

Во народните верувања на словенските народи, светецот Илија добил особини од словенската митологија. Бидејќи библиското предание вели дека се искачувал на небото во огнена кочија, старите словенски народи го поистоветувале Илија со врховниот бог Перун во својство на „Перун Громовник“. Тој создавал молњи, громови и бури и, поради истите особини, е наречен Илија Громовник. Поради неговата моќ да предизвикува бури, понекогаш св. Илија трпи непријатности. На пример, во кавкаската бајка „Сончевата ќерка“, еден човек (чија сестра е омажена за Сонцето) го посетува својот зет за сестра и таму го среќава св. Илија, кого го претепува, а потоа и го ослепува затоа што светецот му пуштил град со кој му го уништил житото.

Токму затоа и нашиот народ многу појави му ги препишува на Свети Илија па со преминување во христијанството му ги препишале и особините на стариот словенски бог Перун.

Неговиот празник се паѓа во најсушните и најтоплите денови од годината, а обичај е на неговиот ден да не се работи во полето за да не се предизвика гневот на светителот.

Постои и верување поради кое кога на Свети Илија грми, народот вели дека светецот ги гаѓа ѓаволите, па не е добро да се крстите за ѓаволот да не се сокрие под крстот во кој гром не удира. Исто така во народот се вели дека добро треба да се внимава на местото каде што удира громот бидејќи тоа е знак дека на тоа место се крие нечестивиот.

Медот што се вади на Илинден се служи како лек, па ако знаете некој пчелар, задолжително од него земете денес мед. Народот верува дека мајките со него треба да ги намачкаат децата по образите за да бидат здрави.

Илинденското востание
Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија.

Илинденското востание е востание против Отоманската империја организирано од страна на ТМОРО и претставува едено од најголемите и најзначајните настани од македонската историја. По подготовките за востание против Отоманската империја, на 2 август 1903 година на православниот верски празник Св. Илија – Илинден започнало Востанието. Ова востание е познато како Илинденско, според денот на започнување. На почетокот на јануари 1903 година, Централниот комитет на ВМРО донел решение да се крене востание летото истата година, иако за тоа немало поволна внатрешна и надворешна ситуација во Македонија, особено што на решението се спротивставиле неколку угледни револуционери, меѓу кои најпознат бил Гоце Делчев. Сепак, востанието означувало нова фаза од развојот на македонското национално и ослободително движење.

На 20 јули (по стар календар), од носно на 2 август 1903 година, на Илинден (по нов календар), почнало Илинденското востание во Македонија. Тоа најголем успех постигнало во Битолскиот револуционерен округ. Прво било ослободено Смилево, па Крушево – центарот на востанието. Потоа востанието постигнало поголем успех во Костурско и во Леринско. На 4 август 1903 година, 600 востаници го ослободиле градот Клисура и го држеле во свои раце сe до 17 август. На 17 август истата година, 700 востаници од Костурско и од Леринско го ослободиле гратчето Невеска. Покрај тоа, биле ослободени повеќе костурски, лерински и преспански села, каде што била воспоставена народна власт. Најжестоки борби се воделе кај селото Езерец меѓу 300 востаници и 2.000 османлиски аскер. Востаниците постигнале значителен успех и во Охридскиот револуционерен реон. Таму најжестоки востанички акции се воделе во Малесија, во Горна и во Долна Дебарца и на други места. Исто така, во Преспаимало жестоки борби со османлискиот аскер. Востаниците постигнале успех во Демирхисарско и во Кичевско, каде што биле ослободени повеќе села. До жестоки судири дошло во селата Прибилци, Карабуница и Извор, па дури се направил обид за ослободување и на градот Кичево.

АСНОМ
Точно 41 година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчински во близина на Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена, со зборовите: „Денеска е Вториот Илинден, последен Илинден на неслободна Македонија, се ставаат темелите на македонската држава“.

loading...
Loading...
Next Post

УШТЕ ЕДЕН ХЕРОЈ: Семејството на починатиот Борче Пинев реши да ги донира неговите органи

Велешанецот Борче Пинев кој вчера почина по трагичната несреќа е човекот кој негото семејство одлучи неговите органи да ги донира. Mинистерот за здравство Венко Филипче, напиша дека утрово на Клиниката за Урологија биле експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт. „Во моментов, во […]