Во реалниот живот на Фикрет му е жена, во Истанбулската невеста ќе му стане швалерка

admin3

Не мора ни да зборуваме за гледаноста на турската серија Истанбулската невеста. Таа не само што ја освои турската, туку и нашата публика, која секој ден чека  нова епизода од популарната серија.

Ние се запознавме со актерите и темата на самата серија, но што е со нивните животи? Сите ние сакаме да погледнеме во нивната приватност и да откриеме кои се тие навистина, кои се нивните партнери, со кој се гледаат, какви се нивните навики.

Се зборуваше многу за главните актери во серијалот, Суреја и Фарук, сепак, што е со останатите актери во оваа серија?

Фикрет Боран, кој го глуми Салих Бадемци, е човек кој не толерира да живее во сенката на неговиот постар брат Фарук, и често носи лоши одлуки. Тој ја имаше несреќата да се заљуби и подоцна се ожени со Ипек, која фантазираше за Фарук. Поради желбата да стане госпоѓа Боран, Ипек се омажи за Фикрет без тронка љубов.

Тој заслепен од љубовта прави сè за да ја израдува.

Loading...

Но, бракот не е давање само на еден. Проблемите ќе се појават откако ќе се роди нивната ќерка и кога жената целосно го запоставува. Осамен и несреќен, Фикрет наоѓа утеха кај друга жена.

Во серијалот, Фикрет се вљубува во колешката од работа Есра (Имер Озгун) која е негова сопруга во реалниот живот. Тие се во брак од 2015 година. Тие се познаваа уште од нивните тинејџерски денови, кога беа на сцената заедно како средношколци.

loading...

Ситуацијата во серијата многу ги забавува и тие најчесто добиваат позитивни коментари од гледачите на серијалот, посочува овој симпатичен актер.

„Во брак сме само три години, а нашата љубов трае осум години. Ние всушност се познававме уште од средно училиште и на почетокот бевме најдобри пријатели. Растеме и многу се забавуваме, тоа е нашата формула! “, вели Салих.

Дали нивната љубовна приказна ќе има среќен крај во серијата, останува да се види во продолженијата што следат.

loading...
Loading...
Next Post

ПАДНА ПРЕСУДА: Поранешните раководители во ЕЛЕМ одат во затвор

Казна затвор од по три години за поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и вработените Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорговски одреди денеска Судот, прогласувајќи ги за виновни за злоупотреба на службената положба и овластувањето при набавка на софтверски систем за компанијата. Бошковски е прогласен за виновен за злоупотреба […]