ВО ЖИВО: Филипче на прес конференција во 16 часот

admin22

Министерот за здравство Венко Филипче закажа прес конференција за 16 часот. На неа се очекува да ги соопшти најновите информации околу кризата со коронавирусот, но и за новозаразените. Бројката на новозаболени се искачи на 201 лице.

Следете ја прес конференцијата тука:

Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје (123)

Loading...

– Дебар (43) од кои 2 починати

– Куманово (15) од кои 1 починат

loading...

– Штип (8)

– Велес (3)

– Охрид (3)

– Кавадарци (2)

– Прилеп (2)

– Гостивар (1)

– Тетово (1)

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.

loading...
Loading...
Next Post

Велешкиот градоначалник и неговата жена во самоизолација, чекаат резултат за коронавирус

Да, јас сум во самоизолација, потврди за Телма градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Објаснува дека неговата сопруга е матичен лекар на двајца од тројцата заразени од корона вирусот во градот. Тие биле на преглед па поради ова Коцевски се речил да се самоизолираат заедно со неговата сопруга. Земен е брис […]