За утрешниот св.Валентин овие хороскопски знаци ќе имаат филмско сценарио со партнерот

admin3
loading...

Овен

Иако денот ќе ви биде исполнет со работни обврски, тоа нема да ви ги поремети плановите за вечер. Дел од Овните ќе се обидат да ги решат љубовните проблеми, но размислете тоа да го направите утре. Личноста со која сте во врска ќе направи се за да ве израдува. Ако пак немате партнер, поминете ја вечерта во друштво или соло, постојат многу начини да се забавувате.

Бик

Имате големи очекувања за Денот на вљубените, но можеби треба да сги намалите за да не се разочарате. Од вашиот партнер очекувате да ги дели вашите интереси, а нему, можеби сепак не му е до „славење“. Ако сте слободни искористете го денот за дружење со пријателките кои, исто така, немаат партнер.

Близнаци

Loading...

Потребна ви е решителност да му кажете некои работи на партнерот. Направете го тоа уште денеска, во опуштена љубовна атмосфера. Не дозволувајте љубомората да надвладее со вас. Ако партнерот се обиде да донесе некоја одлука во ваше име, ставете му до знаење дека не може да одлучува наместо вас.

Рак

На денот на љубовта вас ќе ве преокупираат финансиите. Не дозволувајте тие нервози да ве спречат да се опуштите со чашка убаво вино и со филм… Понекогаш не е потребна романтична вечера за да почувствувате романтика. Доволно е партнерот да е покрај вас.

Лав

Ако сте тврдоглава во однос на партнерот, нема да стигнете далеку. Опуштете се, уживајте во денот и тоа што го носи. Не дозволувајте небитни луѓе да го туркаат носот во вашиот љубовен живот.

Девица

Потребно е партнерот да направи многу, да се потруди и да вложи дел од себе за оваа вечер да ви помине како што ја замислувате. Наградете го за трудот, дури и да не е сè онака како што очекувате. Не може секогаш секој да ги задоволи вашите високи стандарди. Но, и тоа е во ред, нели?

Вага

Овој ден ќе ви биде исполнет со незадоволство. Бидејќи ќе имате притисок на работа, вечерта ќе сакате да ја поминете опуштено, без стресови. Но дури и да не сте расположена за романтика и љубов, обидете се да бидете насмеана цело време со партнерот. Тој ве заслужува во вашето најдобро расположение.

Скорпија

Во текот на денот ќе ви се укаже прилика да направите нешто возбудливо. Искористете ја, дури и да не е поврзана со љубовта и вашиот партнер. Ако сте, пак, сингл, а решите да излезете, ѕвездите ви се наклонети и можно е ново познанство.

Стрелец

Денешниот ден искористете го за опуштање, но и да го поминете со вашата втора половина. Вие бидете таа што ќе иницира излегување, романтична вечера или прошетка во која ќе уживате двајцата, зависно од вашите желби.

Јарец

Денешниот ден можеби нема да биде каков што очекувате, особено ако ви најават патување или деловна вечера заради кое ќе мора да си ги смените плановите. Дајте му на партнерот до знаење дека сте тука за него и дека го сакате, без оглед на тоа каде треба да бидете.

Водолија

Работите си доаѓаат на свое место, а партнерот конечно чувствува дека пред себе ја има вистинаската жена што ја запознал. Романтиката е неизбежна денеска, без оглед дали иницијатор ќе бидете вие или тој. Можно е и дружење со пријателите кои се сингл.

Риби

Овој Ден на вљубените ќе сакате да го поминете со вино, бидејќи сте традиционалист. Сепак, обидете се да ги споите двете работи во едно и да уживате во секој миг поминат со саканата личност. А потоа романтичното дружење повторете го и утре и денот потоа.

loading...
Loading...
Next Post

„Успеав да го излекувам панкреасот и затоа го споделувам рецептот од мојата баба“

Панкреасот е еден вид на механизам во нашето тело: Неговите ензими ја започнуваат работата на црниот дроб и цревата, ја разградуваат храната и им помагаат на останатите клетки да ги обработат супстанците кои им се неопходни. Најчестите заболувања на панкреасот се панкреатит и различни типови на дијабетес. А еден од […]