Заев: Ако Мицкоски победи на изборите ќе направи се за да ги поништи договорите и со Грција и со Бугарија

admin22

Премиерот Заев вели дека не се сомнева дека ако ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите договорите со Бугарија и Грција ќе бидат поништени.

Тој одговарајќи на новинарско прашање, рече дека чесно е ВМРО-ДПМНЕ да им објасни на граѓаните и за последиците од поништувањето на договорите.

„Тоа ќе не врати надвор од ЕУ и НАТО. Да не зборувам дека ќе не скара повторно со соседите. Какви рефлексии ќе има тоа врз економијата, врз целиот регион и тоа треба да го каже.

Да господинот Мицкоски ако дојде на власт ќе го поништи Договор и со Грција, односно преспанскиот договор и ќе го поништи Договорот со Бугарија. Но затоа нема да дојде на власт. Тоа не е возможно“ – вели Заев.

Утрово Мицкоски во интервју потврди дека доколку неговата партија обезбеди 80 пратеници во Собранието, ќе пристапи кон промена на Уставот со цел враќање на името Република Македонија. Неговиот став го потврди и партискиот Генерален секретар.

Loading...
loading...
Loading...
Next Post

Пукано кон Борис Мутков-учествуваше во упадот во Собрание на 27 април

Борис Мутков, познат како Фантом, со престрелни рани е пренесен во ургентниот центар во Систина. Кон 40-годишиот Мутков било пукано со автоматско оружје додека се возел со својот автомобил марка “мерцедес” во скопската населба Бардовци, каде што и живее. Едно 23 годишно момче е приведено во врска со овој настан, […]