Заев: На изборите очекуваме победа со повеќе од 61 пратеник

admin3

Лидерот на СДСМ Зоран Заев се надева дека заедно со партиите од коалицијата на предвремените парламентарни избори ќе победат со повеќе од 61 пратеник. Но, тоа, вели Заев, не значи дека не се отворени за постизборна коалиција, со оглед на тоа што е потребно стабилно мнозинство со цел да се работи на исполнување на сите реформски процеси и развој на економијата за да се подобри животот на граѓаните. Сепак, како што потенцира, тоа ќе се направи само со партии кои ќе се променат на подобро за да може да се подобрат и состојбите во државата.

– Со 61 пратеник се формира Влада, но потребно е стабилно парламентарно мнозинство заради тоа што, рековме, претстои период во кој ќе работиме дома. ЕУ, НАТО, бидна. Решени се проблемите со Грција и Бугарија. Мултиетнички дома сме единствени и сплотени. Треба да работиме на севкупна трансформација дома вклучително и на сите нас како поединци во функција на наше подобрување, на зголемување на продуктивноста, одговорноста, да има ред и поредок. Исто така треба да се работи на економијата, на подобрување на животниот стандард, поголеми плати…, рече Заев на прес-конференција во партиското седиште, одговарајќи на новинарско прашање дали би коалицирале со ДУИ по завршување на изборите доколку оваа партија биде победник во албанскиот блок.

Тој додаде дека сето тоа е условено од стабилно парламентарно мнозинство.

-Логично е дека по два основа треба да се бара партнер. Дури и со обезбедена коалиција, ние не велиме дајте ни 61 пратеник, за да не зависиме од никој. Ние треба да зависиме од секој, дури и од идната опозиција. Зошто? Заради тоа што тоа е демократија. Во вакви околности логично е и втората по големина заедница, албанската, да биде видливо застапена во Парламентот, значи со барем десетина, 12 – 13 пратеници имајќи предвид дека во корпус се обезбедуваат околу 23 мандати на Албанците, наши, на БЕСА, на ДУИ, на Алијанса за Албанците… Исто така, треба да биде застапена и македонската етничка заедница, но и бошњаците, србите, ромите, Турците, односно помалите етнички заедници, рече Заев.

Тоа, додаде лидерот на СДСМ, е стабилно парламентарно мнозинство, застапеност на етничките заедници и поголема бројка на идната владина коалиција за непречено функционирање на Парламентот.

Loading...

-Опциите на изборот треба да бидат согласно вредности и принципи. Граѓаните очекуваат партиите да се менуваат, да се подобруваат. Затоа многу чесно зборувам за работи кои се проблематични во општеството. Како што ни замерувале нам и ние сме се труделе и сме се промениле, сме давале одговори и сме правеле се да ги корегираме работите, тоа го очекуваме од партнерите во коалицијата и од идни коалиции кои би ги направиле. Не може да дозволиме дивоградби кој каде сака во Охрид, или дивоградби на Матка, не може да нема одговорност и отчетност за важните проблеми, рече Заев.

Тоа, додаде лидерот на СДСМ, го очекуваат граѓаните кои биле трпеливи додека се решавале крупни прашања, но. како што додаде, нема да и прогледаат низ прсти на идната власт.

loading...
loading...
Loading...
Next Post

САМО НА ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ МАРТ им носи пари-еве кој да очекува среќа

Три хороскопски знаци во март ќе имаат големи можности што се однесува до парите и работата и задолжително треба да ги искористат. Еве за кои три хороскопски знаци пристигаат убави вести: Близнаци – Веќе од 1 март Близнаците ќе добијат налет на креативност така што сите оние кои се занимаваат […]