Заев: На високи температури е незамисливо да се оди со маски на гласање, затоа избори сега

admin22

Сите треба да разберат дека никој не се брза да оди на избори, но во текот на летото, на високите температури е незамисливо да се оди со маски на гласање, рече вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев во „Топ тема“.

Според Заев, можеме да кажеме дека успешно се справуваме со пандемијата со коронавирусот, а ќе мора да живееме вака додека не се измисли вакцината.

Границите ќе бидат отворени, нашинците ќе си дојдат, но не се знае колку ќе се вратат годинава, но постои можност за нови пикови и во летото, есента веќе се отвораат училиштата, ќе доаѓаат новите вирози. Сега е моментот да излеземе да гласаме, затоа што потенцијалот на најмалку заразени е сега, рече Заев.

Тој напомена дека во текот на летото, на високите температури е незамисливо да се оди со маски на гласање.

Сите треба да разберат дека никој не се брза да оди на избори, најпрво го гледаме здравјето на граѓаните, да нема никој заболен, па тогаш да се разговара за избори, но во услови кога нашата земја нема Парламент, здравје за граѓаните е и функционален Пармален, затоа час поскоро треба да се оранизираат избори, рече Заев.

Loading...
loading...
Loading...
Next Post

Тврдокорните ќе протестираат во сабота: Не веруваат во корона, веруваат во 5Г антени

Драган Угриновски, претседател на движењето МПЗ „Тврдокорни“ е организатор на протестот против полицискиот час, 5 Г антените и задолжителното вакцинирање кој е закажан за в сабота, а за кој полицијата му дала и дозвола, но и писмено предупредување дека доколку нема физичка дистанца од два метри меѓу протестирачите и ако […]