Заев: Не ми паѓа на памет да дадам оставка ниту да ја барам од Филипче

admin22

На премиерот Зоран Заев не му паѓа на памет да даде оставка или да побара оставка од министерот за здравство Венко Филипче поради недоброто справување со пандемијата, високата смртност кај пациентите од ковид-19 и доцната имунизација на населението кои за опозициските партии се доволни причини за нивни оставки.

Тој денеска рече дека сега владата треба да се фокусира системот да функционира.

– Сега имаме работа треба да се води грижа за граѓаните, за болните, да излекуваме повеќе пациенти, да се фокусираме системот да фунционира, да имаме вака позитивни реакции што ги гледаме од ситемот на вакцинација, да го јакнеме, да го засилуваме, заради тоа што едно е јасно – дека со вакцината може да ја победиме пандемијата, а истовремено да бидеме ефикасен сервис на граѓаните.

Loading...

Така што, не ми паѓа на памет да дадам оставка, ниту да барам оставка од најекспонираниот министер во моментот, а тоа е министерот за здравство кој со здравствениот персонал работи максимално посветено за доброто здравје на нашиот народ- рече Заев по денешната прес- конференција.

Тој најави дека месецов ќе пристигнат околу 300.000 вакцини од различни производители.

loading...

– Очекуваме да стигнат првите вакцини од од 651.000 од Европската унија наменети за Западен Балкан, од кои за нашата земја се 100.000. Се надевам дека следните денови или следната седмица ќе стигнат 20.000 – 25.000 од нив, бидејќи неколку пати напоменуваме дека не зависи тоа од нас туку и од испорачателот.

Се очекува да пристигне и првата пратка од вакцините од Фајзер, како и втората пратка преку Ковакс механизмот. Исто така и 200.000 кинески вакцини планирани се за овој месец, како и значителна количина од Спутник за кои има договор за 200.000 дози – рече Заев.

Loading...
Next Post

Храбрата Мартина (17) од Велес: „Предаторот ме фати, ме повлече кон него, ме притисна, ставајќи ги неговите раце околу моите гради“

Поминаа две години „Срамота е, ќути… Што ќе кажат другите?“ Уверувања со кои сте растени, уверувања кои се наметнати и во кои сте поверувале. Не е се вистина! Не треба да молчиме! Не сме виновни! Не си го бараме сами! Никој од нас не го заслужува тоа! Чудно е да […]