Заев: Нема бегање – Изборите ќе се одржат на 5. јули

admin22

Датумот на изборите е завршена работа, тие ќе се одржат на 5 јули, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција.

Изборите би се одржале 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, која претседателот Стево Пендаровски ја донесе поради спроведување на економските мерки, додаде Заев.

Тој потврди дека постоела комуникација помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но оти не бил постигнат договор.

Заев посочи дека иако силината на коронавирусот е ослабната, имаме високи бројки на асимптоматски случаи на Ковид-19, што, според него, укажува дека мерките за заштита не биле почитувале.

По изборите, додаде лидерот на СДСМ, Владата мора да се посвети на економијата.

Loading...

Заев посочи дека во врвот на СДСМ до денеска се потврдени двајца позитивни на Ковид-19, а утринава е тестиран и премиерот Оливер Спасовски.

loading...
Loading...
Next Post

ОФИЦИЈАЛНА БРОЈКА: Многу новозаразени и 7 починати од коронавирусот

Во изминативе 24 часа се регистрирани нови 89 заразени од корона вирусот, како и седум починати, дознава „Фокус“. Од Владата најавија дека министерот за здравство Венко Филипче во 15 часот ќе одржи прес конференција, на која се очекува да ги образложи алармантните бројки кои се во пораст. Вчерашната статистика покажуваше […]