Заев: Во самоизолација сум во мојот дом во Струмица, немам симптоми

admin22

Лидерот на СДСМ Зоран Заев преку неговиот фејсбук профил потврди дека е во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирусот, се чувствува добро и го чека резултот од тестот кој му е направен денеска.

-Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на Ковид-19.

Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица.

Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори, напиша Заев на неговиот ФБ профил.

loading...
Loading...
Next Post

Мицкоски: Продолжувам од мојот дом да ја следам актуелната состојба

Почитувани сограѓани, поврзано со информациите кои произлегоа за мојата здравствена состојба сакам да информирам дека до овој момент сум во одлична здравствена и физичка кондиција. Во текот на вчерашниот ден, по добивање на информацијата дека е нарушено здравјето на новинарот со кој имав интервју точно пред една недела и истото […]