Живеат во тешки услови: Горан од Ново село сам ги гледа децата по смртта на сопругата

admin22

Седумчлено семејство од Ново Село, кумановско, живее во исклучително тешки услови, па секоја помош од институциите и граѓаните е добредојдена.

Горан Спасиќ е самохран родител, кој сам се грижи за своите пет деца на возраст од три, пет, седум, девет и дванаесет години, откако пред две години му починала сопругата. Тој е вработен, но неговата плата не е доволна да ги задоволи потребите на сите членови на семејството. Додека Горан е на работа за децата се грижи неговиот татко, кој е со нарушено здравје. Четири од децата одат на училиште, а финансиската можност на родителот не дозволува да им пружи подобри услови за живот како што ги имаат нивните другарчиња.

Маката на ова семејство започнала уште пред смртта на сопругата, кога во голем пожар им изгореле помошните простории и дел од куќата. Со помош на хуманите луѓе, општината и поддршката од месната зедница еден дел е реновиран, но поголемиот дел од куќата се` уште не е завршен.

Помош на семејството денеска однесоа претставници од бизнис секторот од регионот.

– Ние дојдовме до ова семејство на предлог на наши пријатели. Едноставно, сакавме да помогнеме колку што можеме. Со наши средства обезбедивме шпорет на дрва, гардероба, симболична финансиска помош и во договор сме да им обезбедиме и мебел. Меѓутоа, на овие луѓе навистина им е потребна поголема помош, бидејќи Горан е самохран родител, чија жена починала додека била бремена,- велат Никола Крстиќ од фирмата „Вемил“ од Куманово и Димитрије Недиќ од „Симпо“ Врање.

Loading...

Тие апелираат до сите граѓани да се вклучат во акцијата, затоа што условите во коишто живеат овие пет мали деца се несоодветни за нивниот развој.

Организаторите на акцијата обезбедиле и душеци, постелнина и перници за уште 20 семејства, од кои 5 ќе бидат наменети за ранливите семејства од Општината Старо Нагоричино, а останатите 15 за семејства во Куманово.

loading...

Извор: https://www.kumanovonews.mk/

loading...
Loading...
Next Post

(ГАЛЕРИЈА) Од архивите откриваат каква убавица била во младоста Брижит Макрон

Брижит Макрон постојано е во зборовите на луѓето, а нејзиниот изглед честопати е извор на злонамерни коментари. Многумина сметаат дека првата дама на Франција е обврзана да изгледа многу подобро. Но, тие забораваат дека има 66 години и сосема е нормално да изгледа на тој начин. Г-ѓа Макрон е мајка […]