Зошто Руската вакцина Спутник 5 не е на листата на СЗО???

admin22

Светската здравствена организација (СЗО) ја повика Русија да ги следи меѓународните упатства за производство на вакцини против Ковид-19, откако таа земја рече дека ќе започне со вакцинирање на населението против коронавирус во октомври.

Понекогаш индивидуалните истражувачи тврдат дека пронашле нешто, што секако е извонредна вест, изјави пред новинарите портпаролот на СЗО Кристијан Линдмаер.

Но, помеѓу пронаоѓањети или индикациите дека се поседува вакцина која делува и вакцина која ги поминала сите фази постои голема разлика, додаде тој.

Денес, откако Русија официјално објави дека ја регистрирала вакцината, портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, објави дека СЗО и руските здравствени власти разговараат за можната преквалификација на одобрената руска вакцина против Ковид-19 за оваа организација.

Ние сме во близок контакт со здравствените власти на Русија и во тек е дискусија за евентуална преквалификација на вакцината за СЗО. Преквалификацијата на која било вакцина вклучува ригорозни проверки и проучување на сите потребни податоци за безбедност и ефикасност, рече Јашаревиќ на прес-конференција во Женева.

Loading...

Треба да се потсетиме дека руската вакцина не е на списокот на СЗО со шест вакцини кои достигнаа трета фаза од клинички испитувања.

Руските здравствени институции во саботата објавија дека се подготвуваат да започнат масовна вакцинација против коронавирусот во октомври.

loading...

Министерот за здравство, Михаил Мурашко рече дека лекарите и професорите ќе бидат први кои ќе ја примат вакцината, а потоа постепено и остатокот од населението.

Тој додаде дека клиничкото испитување развиено во Русија е завршено и дека се подготвува нејзино одобрување.

Планираме посеопфатна вакцинација за октомври, рече тој.

Досега, Русија не достави научни податоци за таа вакцина за независна проценка.

Истражувачкиот Институтот за епидемиологија и микробиологија Гамалеј во Москва во мај објави дека развиле вакцина, за која вели дека создава имунитет на коронавирусот без негативни несакани ефекти.

loading...
Loading...
Next Post

Урнебесно видео: Tрајче од Македонија бара цигapa од Србин во Америка

Урнебесно видео кое ја насмеа цела Македонија, само со овие зборови може да се опише видеото кое го објави инфлуенсерот на Инстаграм „Роџак из Америке“. Се работи за новинарот Александар Стојковиќ кој живее и работи во Њујорк, САД. Стојковиќ секојдневно објавува смешни видеа на неговиот Инстаграм профил каде го следат […]