12 години сме верени и сеуште се немаме венчано: Кога дозна дека го изневерувам, ме шокираше со она што го кажа!

admin22
loading...

Советниците за правни прашања во британската влада инсистираат на комплетна реформа во брачното и семејното право, бидејќи сите тие закони поврзани со бракот и семејството се контрадикторни меѓу себе во однос на одредени прашања.

Д-р Николас Хопкинс, кој е член на правната комисија, за весникот „Телеграф“ вели дека е потребен нов реформски закон, кој ќе го уредува бракот и ќе им овозможи слобода на брачните парови при склучување на бракот на начин што тие самите ќе го изберат.

Експертите во Англија тврдат дека законот кој го регулира склучувањето на бракот во Англија и Велс е контрадикторен, ригиден и премногу застарен.

Советниците за правни прашања во британската влада инсистираат на комплетна реформа во брачното и семејното право, бидејќи сите тие закони поврзани со бракот и семејството се контрадикторни меѓу себе во однос на одредени прашања.

После 15 години врска, Англичанка се најде во големи проблеми откако го изневери своето момче.

– Имам 40 години, а свршеникот има 44 години. Ние сме заедно 15 години и имаме три прекрасни деца. Тој ме запроси пред 12 години, но оттогаш тој одби да се ожени со мене – вели жената.

– Никогаш не сакав голема венчавка и јас да носам бел фустан. Само сакав да ја направам нашата врска официјална, најмногу заради децата. Но, стигнавме до фазата кога престанав да ја спомнувам, бидејќи тој воопшто не сака да зборува за венчавката – објаснува таа и продолжува:

– Како одминуваше времето, нашите чувства скоро исчезнаа, љубовта пресуши и, всушност, станавме пријатели кои имаат деца. Затоа решивме да раскинеме и наскоро најдов друг човек, со кого се чувствував одлично.

– Но, кога мојот свршеник дозна за тоа, тој ме молеше да се вратам кај него. Тој рече дека разбрал колку ме сака и се согласи конечно да се ожени. Се согласив, а првите неколку недели беа фантастични – признава Британката.

– Сепак, по шест месеци, сè тргна надолу. Повторно престанавме да водиме љубов и кога го прашав за венчавката, тој ме шокираше кога ми одговори: Не биди досадна, никогаш нема да се венчаме!

Тој јасно ми стави до знаење дека не сака да поминува време со мене, и јас повторно започнав да разменувам пораки со стариот љубовник.

Се гледавме тајно и совеста воопшто не ми пречи поради тоа – признала таа искрена жена.

– За разлика од мојот вереник, љубовникот е внимателен кон мене и прави да се чувствувам посакувана. На крајот на краиштата, зошто би се чувствувала виновна.

Сепак, не знам што да правам. Сакам да бидам среќна, но не сакам повторно да ги менувам животите на моите деца со повторно напуштање на нивниот татко – заклучи Англичанката.

Loading...
Next Post

Брена конечно проговори за бракот: Би се развела од Боба само во оваа ситуација!

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се венчале на 7-ми декември 1991-ва година, а на свадбата присуствувале околу 600 гости. Најпопуларната пејачка на Балканот и познатиот српски тенисер скоро 30 години се во брак, а тогаш нивната свадба беше прогласена за свадба на векот. Кум на Боба бил експертот за тенис […]