Акo e oва вашиот хopoскопски знак, тогаш сте предодредени за успех!

admin22
loading...

Можете да погодите за кого станува збор?

Секако дека се работи за Девицата. Девицата е земјен знак, а поради тоа секогаш стои цврсто на земјата, не лета во облаците и размислува реално.

Позната како најголемиот перфекционист во Зодијакот, Девицата е тип на личност којашто сака животот да ѝ биде грижливо организиран до најситен детаљ. Таа со леснотија ги совладува основните аспекти на секоја ситуација, но не ја интересираат безвредни ситници коишто не му се никому од полза.

Таа ја одржува контролата во животот со помош на нејзиното силно чувство за пристојно и соодветно однесување, па доколку не ѝ се допаѓа тоа што го гледа пред себе, едноставно ќе си премолчи и ќе си стои на страна.

Со задоволство им помага на сите блиски луѓе да успеат во разни аспекти од животот, а нејзиното присуство се забележува преку дискретна верност, лојалност и посветеност.

Големо внимание обрнува на деталите и буквално мисли на сѐ. Таа е лојален пријател на кого секогаш можете да сметате. Обожава планирани рутини.

Слободното време сака да го поминува во долги прошетки во природа. Никогаш не доцни, а доколку ви делува ладна и отсутна, знајте дека таа е само срамежлива и неодлучна.

Кога ќе се заљуби, Девицата е целосно посветена на врската. Има цврсти критериуми од кои не отстапува и затоа попрво би останала сама отколку да биде со погрешниот човек. Таа не го тражи вистинскиот, туку совршениот. Тука не се мисли на партнер без никакви мани и недостатоци,

Девицата многу добро е свесна дека таков човек не постои. Таа само бара некого со кого совршено ќе се согласува. Деталите ѝ се многу важни, па од нејзиниот партнер ќе очекува мали романтични гестови како што се цвеќиња, слатки пораки и ситни подароци.

Девицата е скромна и конзервативна во многу животни области и затоа таа сака партнерот да презема иницијатива. Многу е строга кон себеси и токму поради тоа ѝ треба партнер кој ќе ја поддржи и разбере. Најдобро се согласува со Скорпиите, Близнаците, Раковите, Биковите и Јарците.

Пријателство

Девицата е секогаш тука да помогне. Таа ќе биде присутна на секој важен настан во животот на нејзините пријатели. Освен тоа, никогаш не ги заборава родендените на луѓето кои ѝ значат.

Благодарение на нејзината критичка и практична природа, секогаш знае да даде одличен совет, но само кога некој ќе го побара тоа од неа, бидејќи не сака своеволно да се плетка во туѓите проблеми.

Доколку сакате да ѝ се заблагодарите поради нешто, бидете дискретни. Девиците се големи скептици кога станува збор за големи гестови и гласно покажување емоции. Повеќе ги ценат тивките и едноставните искажувања на благодарност.

Кога станува збор за организираноста, Девиците се секогаш на врвот на листата. Тие се подготвени и по неколку денови однапред за настаните што следуваат. Тоа се случува затоа што имаат голема самодисциплина и одлично чувство за управување со времето.

Надворешен изглед

Девиците се многу младолики. Имаат овално лице, остар поглед кој постојано набљудува и анализира, долг нос, широка насмевка, витка линија, широки рамена и мали стапала. Косата им е обично кафеава, а очите сиви или со боја на лешник. Нивниот надворешен изглед е многу впечатлив и добро знаат да го искористат тоа. Најголеми физички адути им се рамниот стомак и тенкиот струк.

Девиците размислуваат критички и логички. Нивниот ум е како густа шума исполнета со разновидни, единствени и креативни идеи што само чекаат да испливаат на површината. Затоа и тие обожаваат да размислуваат и да генерираат нови идеи.

Без разлика дали станува збор за роденден или за годишнина, жените Девици никогаш нема да заборават нешто важно за нив (без разлика дали тоа изгледа незначајно за некој друг).

Loading...
Next Post

Темниот хороскоп ги открива сите детали: Овие три знаци ќе бидат скршени од ТАГА до ДЕКЕМВРИ

Меланхолијата ќе биде единствената емоција со која ќе се борите Тој го помина кругот на ретроградниот Јупитер во октомври. Планетата се врати во вообичаениот ритам, но остави последици на некои знаци, кои ќе имаат внатрешни борби до декември. БИК Една од вашите многубројни предности лежи во интроспекцијата и вашата иницијатива […]