АКО ПЛАНИРАТЕ ЛЕТУВАЊЕ ВО ЦРНА ГОРА: Нема да ви треба ПЦР тест

admin22

Сите ограничувачки мерки за посета на Црна Гора оваа сезона, вклучително и тестирањето за ПЦР, ќе бидат укинати за туристите од Русија, Белорусија, Украина и Северна Македонија, кажа министерот за финансии и социјална помош на таа земја Милојко Спајиќ.

„Задоволство ми е да ве известам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и тестирање на ПЦР, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и Северна Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона“, напиша Спајиќ на својот профил на Твитер, на руски јазик.

Тој рече дека Црна Гора останува безбедна и сигурна дестинација и оваа година.

„Сакам да ги поздравам сите што ќе одлучат да ја посетат Црна Гора“, додаде Спајиќ.

Loading...
Next Post

Падна договор: Од следната година, задолжителното пензионирање на 64 години

Не стапи на сила годинава каков што беше планот, но задолжителното пензионирање на 64 години секако ќе важи од 2022 година. До 31 август годинава секој вработен во јавниот сектор може да поднесе барање за продолжување на работниот стаж, а ако поднесе, на работа може да остане најмногу до 30 […]