Како што дознава „Блиц“, младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ е во врска со фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ.




Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се во врска само еден месец, а таа пред неколку дена отпатува кај своето момче.




Љубовната приказна на овој млад пар започна преку пријателите, а по неколку заеднички состаноци започнаа љубовна врска.




Тие се среќни и уживаат во љубовта, додека и двајцата се уште не сакаат да ја експонираат во јавност нивната врска.




Минатата недела Анастасија изјави дека е подготвена за нова љубов по раскинувањето со Џорџе Куљиќ.




– Навистина мислам дека не останав недоречена, бидејќи кажав се за таа приказна таква каква што е, иако се очекува да биде многу побомбастична и подраматична. Немаше страдање.




Ние сме возрасни луѓе, цивилизирано се разделивме и продолживме понатаму, секој на свој начин – истакна Анастасија и додаде дека Џорџе не ја разочарал и повредил:




– Не Никогаш. Тој е прекрасна личност и навистина му посакувам прекрасен живот и иднина од се срце. Секогаш сум отворена за љубов и убави чувства. За мене љубовта е најубавото нешто на светот – истакна тогаш Анастасија за „Стори“.




И Анастасија и Немања се уште не сакаат да се огласуваат за нивната врска.




Како што пренесуваат српските медиум претходно Гудељ бил во подолга врска со пејачката Сања Вучиќ, членка на популарната група „Ураган“, која не признавала дека се заедно, но подоцна ја известила јавноста дека нејзиното момче е успешен фудбалер, кој е дел и од репрезентацијата на Србија, па на сите им стана јасно дека се работи за Немања.