Андријана Алачки објави приказна за стариот и изнемоштен татко

admin

Адријана Алачки е автор и водител на емисијата „Вкусот на традицијата“, а таа го направи и првиот македонски традиционален готвач, кој ги опфаќа рецептите од нашите мајки и баби.

Таа неодамна најави и втора книга: „За сите мои верни гледачи и следбеници веќе 11 години, ќе им подарам книга која ќе остане во наследство за сите следни генерации.

Оваа сега е малку пообемна од првата, со рецензии од познати македонски гастрономи“, рече Алачки.

Таа го смени концептот на емисијата, сега готви со нејзините колешки кои ѝ гостуваат во кујната: Бади Бекир, Ирена Спасовска, Вики Среброва…

Адријана Алачки објави трогателен статус на Фејсбук, по кој пријателите ѝ честитаа:

– Еден човек го однел својот татко во ресторан на вечера. Таткото бил многу стар и изнемоштен.

Додека јадел, парчиња храна му паѓале врз кошулата и панталоните. Гостите во ресторанот ги вртеле главите или гледале со одбивност, но синот останал потполно смирен.

Кога завршиле со вечерата, синот внимателно му помогнал на татко му да стане и го однел во тоалетот.

Таму тој му ги ги исчистил пантолоните и кошулата, го измил, со љубов му ја измазнил седата коса и му помогнал да си ги намести очилата. Кога влегле во ресторанот, ги пречекала целосна тишина.

Единствено што можело да се чуе е шепотот за тоа како можел да донесе стар човек во ресторан, да му паѓа храна на подот и да им ја загадува вечерата на останатите.

Синот ја повикал келнерката за да ја плати сметката, платил и кога тргнале да излезат од ресторанот, од една од масите станал еден возрасен човек и извикал:
– Изгледа оставивте нешто!

Синот погледнал наоколу, проверил по џебовите и рекол: – Не оставивме ништо. Тогаш човекот рекол:

– Оставивте нешто за сите што седат во овој ресторан! Оставивте поука за секој син и ќерка и надеж за секој родител!

Одеднаш сите гости замолкнале. Секој од нив почyвcтвaл cpaм за тоа што го осудил тој однос – татко и син.

Бидејќи една од најголемите чести во животот со кои може да нè удостои судбината, тоа е грижата за нашите возрасни родители.

Тие се луѓето кои ни го подарија своето време, здравје и пари. Тие го заслужуваат нашето најголемо почитување. СЕКОГАШ!“, напиша Адријана.

Loading...
Next Post

Ирена Спировска го покажа братот Борче, а еве колку си личат со сестра и Јелена (ФОТО)

Со години наназад, Ирена Спировска е една од нашите најдобри и најпознати водителки. Таа изгради успешна кариера во медиумскиот простор. Таа е најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани и е синоним за успешна, но и негувана и убава […]